Свет
Нови крвави пресметки во Нигерија
Засега непознати напаѓачи убиле најмалку 16 луѓе и запалиле десетици куќи во гратчето Тафава Балева во северна Нигерија, кое е жртва на секташко насилство веќе неколку децении
Жителите тврдат дека нападот е најверојатно одмазда за претходните убиства во таа област во сојузната држава Баучи. Оваа сојузна држава е веднаш до државата Плато, во таканаречениот „средишен појас“ на Нигерија, каде што претежно муслиманскиот север на земјата се среќава со претежно христијанскиот југ и каде што повеќе заедници со различно етничко и религиозно потекло се сместени една до друга. Тензијата влече корени од деценискиот спор помеѓу домородните групи, претежно христијани или анимисти, кои се борат да ја задржат контролата врз плодното земјоделско земјиште, но и политичката контрола врз територијата, од напливот на доселеници од муслиманскиот север. Минатиот месец беа убиени најмалку 500 луѓе во демонстрациите и во одмаздничките напади, откако претседателот на Нигерија, Гудлак Џонатан, христијанин од југот на земјата, беше повторно избран за претседател на државата. Претседателот Џонатан, кој има целосна поддршка на југот, но освои и милиони гласови на северот, вети формирање на влада која ќе ги вклучи сите политички, етнички и религиозни групи и која ќе се обиде да ги смири недоразбирањата и тензиите.Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен делт на земјата населен претежно со христијани, јужна, Според најновите податоци од државната изборна комисија, тој добил 57 отсто од гласовите и на тој начин ја задржа претседателскта функција уште по првиот круг од изборите. Неговиот главен противкандидат, Бухари, кој доаѓа од северниот муслимански дел на Нигерија освоил 31отсто од гласовите.Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустријав земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron“, „Shel“ и други нафтени компании.Во јануари во четиридневните насилства според официјалните податоци биле убиени 326 луѓе во Хос, кој е главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 150 милиони, кои речиси по половина се христијани и муслимани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сириските власти разбија терористички ќелии на ИСИС во Дамаск
Сириското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека неговите безбедносни сили разбиле ќелија на ИСИС и ги уапсиле нејзините членови во предградие на Дамаск.
„Членови на терористичка ќелија на ИСИС беа уапсени во градот Џадидат ал-Шибани во долината Барада, предградие на Дамаск“, изјави извор од министерството за Сириската арапска новинска агенција (САНА), без да даде дополнителни детали.
Американски војници убиени во претходна заседа
Тројца Американци, меѓу кои двајца воени лица и еден цивил, беа убиени на 13 декември, а тројца американски војници беа ранети во заседа на ИСИС во централниот град Палмира, според Централната команда на САД (CENTCOM).
Сирија официјално се приклучи на меѓународната коалиција предводена од САД против ИСИС на 12 ноември.
Коалицијата беше формирана во 2014 година и спроведува воени операции против терористичката група во Сирија и Ирак, иако Дамаск претходно не беше член.
Новата сириска администрација работи на заострување на безбедносните услови низ целата земја од падот на режимот на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година.
Свет
Трамп прашан што мисли со објавата „помошта е на пат“ за иранските демонстранти: Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е
Американскиот претседател Доналд Трамп остана мистериозен во врска со можната помош за иранските демонстранти, откако претходно објави на социјалните мрежи дека „помошта е на пат“.
Кога новинарите го прашаа што мисли со објавата, Трамп одговори: „Ќе мора сами да го сфатите тоа. Жал ми е“, пишува „Аксиос“.
Познато е дека администрацијата на Трамп размислува како да изврши притисок врз иранскиот режим по неговото смртоносно задушување на протестите.
Прес-секретарката на Белата куќа, Керолајн Ливит, вчера изјави дека воздушните напади се меѓу „многуте, многуте опции“ што се разгледуваат, но нагласи дека „дипломатијата е секогаш првата опција за претседателот“.
Свет
26-годишен ирански демонстрант може да биде погубен утре
Ерфан Солтани, еден од илјадниците демонстранти уапсени во Иран минатата недела, се соочува со непосредна егзекуција откако беше осуден на смрт само неколку дена по апсењето минатиот четврток, според извештаите на Би-Би-Си, АФП и Амнести Интернешнл.
26-годишникот беше уапсен во Карај, град на северозападниот раб на Техеран, во екот на протестите и непосредно пред исклучувањето на интернетот. Сервисот на Би-Би-Си разговараше со еден од роднините на Солтани. „За само два дена, судот ја изрече смртната казна и на семејството му беше кажано дека ќе биде егзекутиран во среда“, рече тој.
Амнести Интернешнл предупреди за неговиот случај, изразувајќи загриженост дека иранските власти може „повторно да прибегнат кон кратки судења и произволни егзекуции за да го задушат и одвратат неистомислењето“.
Во меѓувреме, АФП известува дека иранските обвинители објавија дека ќе покренат обвинение против некои демонстранти, кои ги нарекуваат „бунтовници“, за злосторства казниви со смрт.
Според набљудувачите, Иран е земја со најголем број егзекуции во светот, втора по Кина. Норвешката организација „Иран хуман рајтс“ соопшти дека минатата година во Иран биле егзекутирани најмалку 1.500 луѓе.

