Македонија
Беџети бара Фазлиу јавно да му се извини
Министерот за правда Блерим Беџети најави дека ќе поднесе пријава за клевета и навреда против пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу, доколку тој во наредните три дена не му се извини јавно за обвинувањата дека поседувал и разделувал наркотични средства во дискотека.
„И покрај мојата слаба волја да се занимавам со ова лице кое не заслужува некој да го губи своето време со него, барам од пратеникот Беким Фазлиу во текот на следните три дена да искаже јавно извинување. Во спротивно, овие омаложувања и клевети ќе треба да ги докаже пред надлежен суд, бидејќи против него ќе биде поднесена пријава за клевета и навреда. Исто така, сакам да ја известам јавноста дека средствата од оваа клевета ќе бидат наменети за хуманитарни цели“, стои во писмената изјава на Беџети.
Имено, во петокот на пратенички прашања од собраниската говорница Фазлиу обвини дека при полициската акција во летниот клуб „Шери“ во парк, токму кај министерот биле пронајдени огнено оружје и дрога./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Андреј Темов од Кисела Вода стана државен шампион во тенис до 12 години
Кисела Вода доби државен шампион во тенис! На Државно првенство на Македонија за јуниори до 12 години, кое се одигра денес, титулата најдобар ја понесе Андреј Темов, ученик од ООУ Круме Кепески.
Градоначалникот Ѓорѓиевски кој го бодреше, му ја честиташе победата и му посака понатамошни успеси. Му укажа дека и понатаму може да смета на поддршката која ја добива од Општина Кисела Вода и дека покрај финансиска поддршка, тој и сите други талентирани спортисти, можат да сметаат и на одлични услови за развивање на своите спортски потенцијали.
– Голема е мојата радост што денес нашата општина, Кисела Вода доби државен шампион во тенис до 12 години. Андреј Темов, кој честопати бил гостин во мојот кабинет, покажа како се креираат резултати кога некој е силно посветен на она што го сака. Овој извонреден успех е доказ за неговата посветеност, труд и талент, и ни покажува дека иднината на спортот во нашата општина е светла. Имав чест и привилегија лично да го бодрам Андреј на овој важен настан и од срце му ја честитам победата. Неговата истрајност и желба за успех се инспирација за сите нас. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, сакам да му посакам понатамошни успеси и да го охрабрам да продолжи да го следи својот сон.
Општина Кисела Вода ќе продолжи да го поддржува Андреј и сите други талентирани спортисти. Како и досега, ќе обезбедуваме финансиска поддршка, но и одлични услови за развивање на спортските потенцијали. Силно верувам дека со правилна поддршка и инвестиции во изградба на спортската инфраструктура, нашите млади спортисти ќе можат да постигнуваат уште поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина и држава на највисоко ниво. Честитки уште еднаш на Андреј Темов! Нека оваа победа биде само една од големата низа на успеси, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Дарко Костадиновски нов претседател на Уставниот суд
Судот информира дека денеска судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Од таму додаваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на денот.
Костадиновски ќе ја наследи својата колешка Добрила Кацарска, чиј мандат како претседателка на Уставниот истече на 2 јуни.
Македонија
„ЈК Травел“ и СОС Детско село потпишаа договор за продолжување на кампањата „Ти летуваш – ‘ЈК Травел’ донира на СОС Детско село“
ЈК Травел и СОС Детско село, потпишаа договор за продолжување на кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира на СОС Детско Село“.
И оваа година, ЈК Травел, како општествено одговорна компанија, и лидер на пазарот во туризмот, се обврза да донира средства за СОС Детско Село, со секој уплатен аранжман, а воедно со тоа да даде и директна поддршка на сите деца и згрижувачки семејства од оваа институција.
„Благодарност до нашиот партнер ЈК Травел што втора година ја реализира оваа кампања. За нас од СОС Детско село ваков тип на кампањи помагаат во зголемување на свесноста за нашата кауза кај пошироката публика но и претставува важна потпора за обезбедување на квалитетна поддршка на над 75 згрижувачки семејства и над 120 деца и млади..”- велат од СОС Детско село.
ЈК Травел, оваа година го слави својот осумнаесети роденден, а кампањата одлучи да ја започне со потпишување на договор за донација на СОС Детско Село со секој уплатен туристички аранжман.
„На овој начин сите лојални клиенти кои низ изминативе осумнаесет годините летуваат со ЈК Травел се директни поддржувачи на оваа донација, за што сме искрено благодарни“ – изјавија од ЈК Травел.
Кампањата е предвидено да трае три месеци, со што се опфаќа и летната туристичка сезона кога има најголем број на туристички аранжмани, а донацијата ќе биде од помош за СОС Детско Село, институција која на многу пати покажала дека хуманоста и грижата за децата значи основа за унапредување на општеството и воспоставува стандарди кои се за восхит.
Воедно, ова е повик и до останатите компании од Македонија да се вклучат активно во поддршката на здруженијата кои имаат потреба од помош, бидејќи заедно можеме да изградиме подобар свет за нашите деца, да промовираме хумани вредности и грижа како темел на успехот на сите нас.
ПР