Македонија
Се проверува кој од 20-тината поранешни функционери бил кодош

Комисијата за верификација на фактите неделава ќе проверува кој од 20-тината поранешни функционери, судии, директори, политичари соработувале со тајните служби.
Комисијата за верификација на фактите неделава ќе проверува кој од 20-тината поранешни функционери, судии, директори, политичари соработувале со тајните служби.
Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев за Макфакс потврди дека податоци за 20-тина поранешни функционери се појавувале во архивите на тајната полиција и дека во тек е нивна проверка за да се утврди во каква улога се јавуваат во документите.
„Планираме да одржиме седница во четврток, но не за овие функционери, седницата е редовна. Но, ако се појави нешто ново за овие функционери и тие ќе бидат ставени на дневен ред “ вели Аџиев за Макфакс.
Минатата недела Комисијата за лустрација со писмо од Управата за безбедност и контраразузнавање беше известена дека имињата на 20-тина поранешни функционери се пронајдени во архивите на тајната полиција.
По завршувањето на одморот на одговорните во Државниот архив се очекува да се утврди и дали четворицата академици на МАНУ биле соработници на тајните служби или пак биле жртви. Се проверуваат и досиејата на вработените во Македонската радио телевизија, а додека проверката на новинарите од другите приватни медиуми се уште не е почната. Засега нема пронајдено податоци за соработка со тајните служби меѓу новинарите.
Во меѓувреме, службите во Комисијата за лустрација ја утврдуваат точната бројка, односно проверуваат колку точно функционери не дале изјава за соработка со тајните служби, а биле обврзани да дадат.
Според информациите на Аџиев, од 2.500 до 3.000 функционери не доставиле изјава до Комисијата.
Меѓу оние кои не доставиле изјава е и поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил кој не доставил изјава бидејќи не ја признава Комисијата за верификација на фактите, која според него се претворила во пресметка со неистомисленици.
За оние кои нема да ја исполнат оваа обврска следува прекршочна пријава и парична казна од 3 до 4 илјади евра, но Исмаил вели дека нема да плати ниту цент казна.
Последниот функционер кој не го помина лустрацискиот филтер беше поранешниот декан на Факултетот за драмски уметности, Владимир Милчин, сега актуелен директор на Фондацијата Отворено општество и професор на ФДУ. Тој обвини дека со ова власта прави политички линч врз него, но дека крајната цел е „влијателната Фондација“.
Прв беше лустриран поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, кој тврдеше дека бил жртва на тогашниот режим. Потоа следуваа претседателот на Сојузот на титови леви сили, Слободан Угриновски, поранешен судија на Врховен суд и двајца кандидати за пратеници кои не влегоа во Парламентот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски во увид на реконструкцискиот зафат во ООУ „Круме Кепески”

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во градежни зафати во ООУ „Круме Кепески“, каде во пресрет на новата учебна година се работи на значајно подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.
Со уреден влез, нова урбана опрема, освежени и реконструирани училници, замена на подови и поправка на оштетената фасада, ова училиште добива нов изглед и унапредени услови за работа.
-Влогот во најмладите е влог во иднината! Основните училишта во Кисела Вода се подготвени да ги пречекаат учениците на почетокот од новата учебна година, со подобрени услови. Во ООУ „Круме Кепески“ се изведуваат значајни градежни зафати сѐ со цел да се подобри образовниот процес. Влезот е уреден со павер елементи, а дворот доби нова урбана опрема. Освежени се со боја и реконструирани 7.500 м² ѕидови во десет училници и ходници. Набавени се нови клупи и столчиња, а во тек е замената на стариот под со нов PVC. Поправена е и фасадата, која претходно беше оштетена од несовесни граѓани.
Во изминатите четири години направивме голем исчекор – од стари и руинирани училници, до нови и проширени училишта. Целосно го дигитализиравме наставниот процес и создадовме современи услови за учење. Сите училишта добија фотоволтаици, додека сите наставници компјутери. Обезбедивме и ранче за секое прваче и униформа за сите ученици. Продолжуваме со уште посилно темпо, затоа што нашите деца и ученици се нашата иднина. Тие го заслужуваат најдоброто“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“

СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните злоупотреби во рамки на програмата Еразмус+.
На прес-конференција, потпретседателот на СДММ, Јовица Јанковиќ, изјави дека ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, во својот извештај објавен минатата година, наведува злоупотреби на европски средства во вредност од милиони евра.
„Во извештајот на ОЛАФ, којшто е јавно објавен, постојат сомнежи дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку вмрежени лица и фирми се злоупотребени над 2 милиони евра. Иако извештајот е доставен во 2023 година, до ден-денес нема обвинителен акт. Клучното прашање е дали со назначувањето на Михајлов власта има за цел да ја блокира и влијае на истрагата на ОЈО и ОЛАФ?“, рече Јанковиќ.
Тој додаде дека постојат информации од свиркачи за доделување на над 8 милиони евра на фирми под сомнителни околности и дека претходниот конкурс бил поништен за да се назначи в.д. директорката.
СДСМ бара од Владата да ја разреши Михајлов и итно постапување на Јавното обвинителство за процесуирање на сите инволвирани лица, нагласувајќи дека европските средства наменети за младите и образованието не смее да се користат за партиски или личен профит.
Македонија
СДСМ: Милионските вмровски шеми во „Еразмус+“ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

„Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност“, велат од СДСМ.
„Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција.
Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се обиде да влијае на случајот којшто е во Јавното обвинителство откако ОЛАФ го достави изветајот со сите наоди.
Официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година наведува постоење на основан сомнеж за злоупотреба на над 2,2 милиони евра европски пари во период на владата на Груевски, почнувајќи од 2016 година.
Владата веднаш треба да ја разреши Ана Михајлов а Јавното обвинителство без одлагање да постапи по наодите на ОЛАФ.
За злоупотреби нема место во образованието. Одговорност мора да има“, соопшти СДСМ.