Свет
Катастарот го прогласи Блажо Тасев за сопственик на рудникот
Делчевскиот катастар го прифатил решението на кочанскиот Основен суд и го вметнал името на Блажо Тасев во имотните листови на рудникот “Саса”.
ФИРМИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД “САСА”
Делчевскиот катастар го прифатил решението на кочанскиот Основен суд и го вметнал името на Блажо Тасев во имотните листови на рудникот “Саса”.
Ова го тврди Славко Секулов, правен застапник на словенечкиот бизнисмен Тасев. Секулов е категоричен дека сега имотот на рудникот не може да се дава на нов купувач.
– Тоа значи дека секој купувач што би го добил рудникот на новиот конкурс, што завршува во вторник, не би можел да се заведе како сопственик на рудникот, бидејќи таму веќе има сопственик – изјави Секулов.
Со извршното решение на судот во Кочани и со документот од делчевскиот катастар, Тасев веќе го добил правото на сопственост врз рудникот. Судот во Кочани во минатата недела донесе решение со кое му наложи на стечајниот управник на “Саса”, Виктор Тодоров, во рок од три дена да го потпише купопродажниот договор со Тасев. Иако истече рокот од три дена, Тодоров не го стави својот потпис врз договорот.
За проблемот со “Саса” денеска се очекува да расправа Владата, која пред два месеца на затворена седница донесе одлука да се распише новиот конкурс за рудникот.
Дознаваме дека американската фирма”Ксеминекс”, која е купувач на рудниците “Злетово” и “Тораница”, одлучила да не се јави на веќе распишаниот конкурс за “Саса”. Од Министерството за економија документација за учество на конкурсот подигнале две руски компании и по една канадска, англиска и унгарска фирма. Се очекуваше на конкурсот да се јави и грчки “Митилинеос”, кој е доверител во рудникот. Неофицијално, и овие фирми сега размислуваат дали да се јават на конкурсот за купување на рудникот “Саса”, кој завршува во вторник.
(А.Ф.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.