Свет
ФСБ:Откриени напаѓачите во московското метро
Откриени се извршителите, организаторите и помагачите во терористичките напади во московското метро кон крајот на март, во кои загинаа повеќе од 40 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети.
Откриени се извршителите, организаторите и помагачите во терористичките напади во московското метро кон крајот на март, во кои загинаа повеќе од 40 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети. Ова денеска го соопшти шефот на руската Федерална служба за безбедност(ФСБ) Александар Бортников. Тој на седница на Националниот антитерористички комитет, рече дека се откриени и организаторите и извршителите на терористичкиот напад во градот Кизљара, во Дагестан, кога загинаа 12, а беа ранети 27 лица. Според Бортников, ликвидирани се 26 членови на терористичката група што го изврши нападот врз возот Невски експрес во ноември минатата година. Шефот на руската ФСБ најави дека по терористичките напади во Москва државата ќе ги засили безбедносните мерки и ќе одговори остро на терористите. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова му одговори на Руте: Објавете го списокот на „глобални правила“ што наводно ги кршиме
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагираше на изјавата на шефот на НАТО, Марк Руте, на тема Русија и кршењата на глобалните правила. Таа му наложи да го објави целосниот список на таканаречените правила, чие кршење неосновано ѝ се припишува на Москва.
„Прво, за какви „глобални правила“ зборуваме? Барам нивниот целосен список да биде објавен на веб-страницата на НАТО. Досега никој не знае за какви правила зборува Руте“, напиша дипломатката на својот Телеграм канал.
Второ, Русија, Кина, како и поголемиот дел од светот, отсекогаш изјавувале посветеност на меѓународното право, додека НАТО постојано го крши тој закон со своите агресивни дејствија и нелегитимни коалиции, изјави таа, потсетувајќи на нападите врз Ирак, бомбардирањето на Југославија и другите воени интервенции.
„Трето, не се сеќавам дека некоја од земјите-членки на НАТО изјавила дека ја суспендира соработката, на пример, како што изјави Руте, со Кина. Неодамна се одржа самитот САД-Кина – не слушнав дека Руте го критикувал американскиот претседател за тоа“, изјави таа.
Порано, Руте изјави дека Русија не е сама во намерата да ги прекрши глобалните правила, истакнувајќи дека оваа земја соработува со Кина, Северна Кореја, Иран и други земји.
Кремљ изјави дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.
Фото: принтскрин
Свет
Порака до Трамп?; Северна Кореја лансираше балистичка ракета
Северна Кореја денес лансираше балистичка ракета која падна во близина на ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи.
Како што е наведено, досега не се пријавени штети на авиони или бродови, пренесува Кјодо.
Во Токио, Такаичи изјави дека им наредила на надлежните владини агенции брзо да ги достават потребните информации до јавноста и да обезбедат безбедност низ целата земја.
Агенцијата потсетува дека лансирањето се случи само еден ден откако Пјонгјанг ги осуди најновите санкции на САД против осум севернокорејски поединци и два субјекта за перење пари поврзани со сајбер криминал.
Фото: принтскрин
Свет
Пукање во Виена: Еден маж убиен, друг во критична состојба, напаѓачите во бегство
Во четвртокот вечерта, во еден турски ресторан во виенската населба Отакринг, дошло до крвава пресметка во која е убиен еден маж, а друг е тешко повреден и се бори за живот. Како што пренесува австрискиот весник „Кронен цајтунг“, по расправија меѓу неколку лица, еден од нив извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон двајца мажи.
Жртвите, двајца мажи со чеченско потекло, биле погодени од повеќе истрели – едниот починал на самото место, наводно од прострелна рана во стомакот, додека вториот бил итно пренесен во болница со повреди опасни по живот.
Полицијата трага по напаѓачот и неговиот соучесник, кои веднаш по инцидентот побегнале. Се претпоставува дека сторителот би можел да биде австриски државјанин со мигрантско потекло, иако првичните информации упатувале на тоа дека станува збор за лице од српска националност.
Областа околу местото на злосторството беше блокирана, а полицијата спроведе голема потрага во неколку виенски окрузи која траеше до доцна во ноќта.
Настанот се случил само еден ден по друг насилен инцидент во истата населба, кога 54-годишен сопственик на локал бил нападнат и повреден од група млади момчиња. Полицијата ги поврзува двата случаи во рамките на поширока истрага за растечкиот бран насилство во тој дел од градот.

