Македонија
?? 10 ?????? ???????? 398 ????? ?? ?????????? ?? ????
Досегашната борба против трговијата со луѓе бележи 119 регистрирани случаи во кои се откриени 268 сторители и идентификувани 398 жртви на ова кривично дело во периодот од воведувањето на трговијата со луѓе во кривичното законодавство во 2002 година, па се до денес.
Досегашната борба против трговијата со луѓе бележи 119 регистрирани случаи во кои се откриени 268 сторители и идентификувани 398 жртви на ова кривично дело во периодот од воведувањето на трговијата со луѓе во кривичното законодавство во 2002 година, па се до денес.
На десетгодишнината од формирањето на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција беше отворена изложба на плакати од кампањите против трговијата со луѓе реализирани во изминативе 10 години.
„Министерството за внатрешни работи преку низа активности го подигна степенот на одговор против овој вид криминал. Во согласност со законската процедура се овозможи користење на посебни истражни мерки, со што уште поуспешно се работи на профилирање на криминални групи “ рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
По воведувањето на кривичното дело Трговија со луѓе во 2002 година, во Македонија воведени се кривичните дела Криумчарење мигранти и Организирање група за поттикнување и извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, како и трговија со малолетно лице во 2008 година.
Како што соопшти Виолета Андоновска, Национален координатор за борба против трговијата со луѓе неколку години по ред жртви на трговија со луѓе во Македонија се исклучиво малолетни домашни државјанки на возраст од 13 до 17 години кои се сексуално и трудово експлоатирани.
Овие девојки според нивните податоци, најчесто се регрутирани од северните и северо-источните делови на Македонија, а се експлоатирани во северните и северо-западните делови на Македонија./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

