Свет
Пентагон ја продолжи мисијата на вселенското беспилотно летало

Мисијата на американското вселенско беспилотно летало ќе трае подолго од предвиденото. Експерименталното летало на американските воздушни сили кружи околу Земјата веќе девет месеци со брзина од 27.358 километри на час. Требаше да слета во Калифорнија оваа недела.
Мисијата на американското вселенско беспилотно летало ќе трае подолго од предвиденото. Експерименталното летало на американските воздушни сили кружи околу Земјата веќе девет месеци со брзина од 27.358 километри на час. Требаше да слета во Калифорнија оваа недела.
Првото летало слета во декември минатата година во базата Ванденберг во Калифорнија откако во орбитата помина повеќе од седум месеци.
Вселенскиот брод има соларен погон и долг е 8,8 метри. Претходно беше планирано мисијата да трае 270 дена, а бродот требало да слета во базата во средата.
Главна цел на мисијата е тестирање на технологијата, иако нејзината намена остана мистерија.
„Планиравме мисијата да трае девет месеци, но одлучивме да ја продолжиме бидејќи имаме услови за тоа. На овој начин ќе извршиме повеќе експерименти и максимално ќе ја искористиме мисијата“, изјави лидерот на програмата Том МекИнтри за Лос Анџелес Тајмс.
Задачата на вселенското беспилотно летало Икс-37Б е да ја тестира технологијата и спроведува експерименти во орбитата, но скептиците сметаат дека нејзина задача е шпионирање.
Астрономите аматери во мај минатата година открија вселенски брод што леташе над Северна Кореја, Ирак, Иран, Пакистан и Авганистан. Тоа дополнително го засили сомнежот дека вселенскиот брод се користи за шпионажа.
Претставници на компанијата Боинг, која го произведе вселенскиот брод, тврдат дека Икс-37Б се наоѓа во ниската орбита, од 177 до 804 километри над Земјата. Меѓународната вселенска станица(МВС) се наоѓа на 354 километри над Земјата.
Вселенскиот брод Икс-37Б е лансиран од Кејп Канаверал на Флорида во март минатата година. Првиот авион слета во декември минатата година по седум месеци поминати во орбитата. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Свет
Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД

Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“ повикувајќи на обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни.
Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.