Свет
Напаѓачите на црквата во Александрија ќе се бараат според ДНК

Анализата на ДНК од останките на загинатите во самоубиствениот напад врз коптската црква во Александрија, кои се наоѓале во време на експлозијата во епицентарот, ќе помогне да се утврди идентитетот на сторителите на терористичкиот напад, изјавил денеска полициски извор за локалните медиуми.Според истрагата на судската медицина, во моментов остануваат неидентификувани остатоци од три или четири лица кои биле во епицентарот на експлозијата. Во утврдувањето на идентитетот може да помогне анализа на ДНК на жртвите, која ќе биде направена набрзо. Со оваа процедура египетските власти се надеваат дека ќе дојдат до извршителите на нападот во кој загинаа 21 лице, а стотина беа ранети.Првичните резултати од истрагата укажуваат дека бомбашот-самоубиец прво се обидел да влезе во црквата со што би предизвикал многу повеќе жртви заради мноштвото луѓе кои присуствувале на новогодишната служба. Сепак, присуството на полицијата пред црквата и на плоштадот пред неа, најверојатно го принудило напаѓачот да причека и да го активира експлозивот кога парохјаните излегувале од црквата и се упатиле кон нивните возила на блискиот паркинг.Иследниците веруваат дека сторителот веројатно дошол во Египет од странство под закрила на негови соучесници Египќани, кои се наоѓаат меѓу членовите на локалните екстремистички групи, кои бомбашот го обезбедиле со привремено живеалиште, разработена шема за нападот и му помогнале да ја направи експлозивната направа.Египетското Министерство за внатрешни работи има оперативни информации според кои во земјата има притаено странски државјани кои може да се вмешани во експлозијата. Во моментов, зајакнати се контролите на копнените, морските и воздушните гранични влезови и излези во Египет за да не се дозволи нивно бегство надвор од земјата.Во силната експлозија во новогодишната ноќ пред православната коптска црква „Сите Свети“ во вториот по големина град на Египет, Александрија, загина 21 човек, а околу 100 беа повредени.Веднаш по експлозијата, египетските анти-терористички експерти и официјални претставници на властите укажаа на големата веројатност за странска вмешаност во терористичката акција. Овие податоци ги потврди и Министерството за внатрешни работи.Претходно, екстремни исламистички групи блиски до меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда им се заканија на египетските христијани. По овие закани, египетските власти го подигнаа нивото на безбедност во црквите во главниот град Каиро, како и во други градови. /крај/аа/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.