Македонија
Хрватските пристапни искуства за ЕУ ќе се пренесат во Македонија
Хрватското искуство од преговарачкиот тим за пристап кон Европската унија ќе биде пренесено во македонија, преку „Семинарот за пристапување во ЕУ“, посветен на поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права што во понеделник го отворија вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и Алесандро Фракасети, вршител на должност постојан претставник на УНДП.
„Сметам дека овој семинар се одржува во еден многу важен момент за европската интеграција кога нашата земја доби позитивни оценки во пролетниот Извештај на Европската комисија по однос на реализацијата на обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво. Со ова покажуваме дека остануваме посветени процесот и имаме капацитет да се справиме со предизвиците кои произлегуваат од реформските процеси“, рече вицепремиерот Бесими.
Споделувањето на хрватските искуства во процесот на преговори со ЕУ, особено во делот на правосудството и фундаменталните права ќе придонесе за понатамошно зајакнување на административните капацитети, особено ако се има предвид дека се очекува Европскиот совет да определи датум за почеток на пристапните преговори на јунскиот самит.
Вршителот на должноста постојан претставник на УНДП, Алесандро Фракасети рече дека Хрватска е единствена земја која што го има завршено процесот на преговори со ЕУ според новиот формат кој од неодамна важи за сите земји кандидати за членство.
„Со пренесувањето на свежите искуства од хрватскиот преговарачки тим, во можност сме да обезбедиме експертиза од прва рака. Ова е дел од долгорочната поддршка на УНДП за земјата во нејзиниот процес за подготовка за преговорите и постигнување на нејзината цел – членство во ЕУ“, рече Бесими.
На семинарот учествуваат претставници од државните институции кои работат на ова поглавје, а искуствата ќе ги пренесат експерти од Република Хрватска кои биле директно вклучени во преговарачкиот тим.
Семинарот е продолжение на низата активности кои се реализираат во рамки на соработката со УНДП вклучително и семинарот за пристапување во ЕУ кој се одржа во септември 2012 година како и семинарот за поглавјето 24 Правда, слобода и безбедност кој се одржа во декември 2012 година.
Настанот го организира Секретаријатот за европски прашања во соработка и со поддршка на Канцеларијата на УНДП во Македонија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 11 часот во четирите општини е 3,32 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 11:00 чaсот, од вкупно запишани 128.286 гласачи на 215 избирачки места од општините Врапшиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина, гласале
3.553 гласачи, односно 3.32 %.
– Врапшиште, гласале 834 гласачи, односно 3.02 %.
– Гостивар, гласале 1937 гласачи, односно 3.14 %.
– Центар Жупа, гласале 168 гласачи, односно 2.22 %.
– Маврово и Ростуше, гласале 624 гласачи, односно 5.90 %.
Како што информира ДИК, во споредба со гласањето на 19 октомври 2025, до 11:00 часот, на овие повторени избори се забележува разликата во однос на излезеноста во овие општини и тоа:
– Врапшиште, зголемена за 0.48_%.
– Гостивар, намалена за 1.96 %.
– Центар Жупа, намалена за 2.61 %.
– Маврово и Ростуше, намалена за 5.82 %.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.

