Контакт

Општество

ИДСЦС: Никој не може да се вработи ако не е член на политичка партија

Објавено пред

Граѓаните сметаат дека тендерите во општините не се доделуваат праведно, дека процесот на вработување во општинските администрации е отворен и достапен исклучиво за луѓе блиски на партијата на власт во општините, а извесен дел од администрацијата го зголемила својот интегритет одбивајќи понуда за мито, покажува извештајот за судирот на интереси и корупција на локално ниво, на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје.
 

dobivaj vesti na viber

Граѓаните сметаат дека тендерите во општините не се доделуваат праведно, дека процесот на вработување во општинските администрации е отворен и достапен исклучиво за луѓе блиски на партијата на власт во општините, а извесен дел од администрацијата го зголемила својот интегритет одбивајќи понуда за мито, покажува извештајот за судирот на интереси и корупција на локално ниво, на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје.

 

Истражувањето открива дека во јавноста преовладуваат негативни перцепции за нивото на транспарентност на единиците на локалната самоуправа. Во периодот меѓу 2014 и 2015 година се бележи пад на перцепцијата за транспарентност на општинската администрација.

 

 

Половина од граѓаните сметаат дека тендерите во општините не се доделуваат праведно, а четвртина од граѓаните не се доволно запознаени со тој процес. Исто така, четвртина од граѓаните целосно се согласуваат со изјавата „фирмите блиски до општинската власт секогаш имаат предност при тендерите“.

 

Речиси две третини од сите граѓани сметаат дека процесот на вработување во општинските администрации е отворен и достапен исклучиво за луѓе блиски на партијата на власт во општините.

 

Се бележи извесно зголемување на бројот на коруптивни трансакции меѓу 2014 и 2015 година и намалување на отпорот кон притисок од корупција. Во исто време, извесен дел од администрацијата го зголемила својот интегритет одбивајќи понуда за мито. Во 2015 година имало 115.076 трансакции во кои било побарано и дадено мито во општините, што е значително зголемување во споредба со 2014 година, за кога се проектирани 72.935 такви трансакции.

 

Регистрирано е и опаѓање на потенцијалот за пријавување корупција кај надлежните институции и другите актери. Во 2015 година, во споредба со 2014 година, зголемен е процентот на граѓаните кои не би пријавиле корупција. Секој четврти граѓанин воопшто не би пријавил, а намалена доверба е регистрирана кај скоро сите надлежни институции.

 

Речиси половина од граѓаните целосно се согласуваат дека во Македонија никој не може да се вработи ако не е член на политичка партија; повеќе од половина целосно се согласуваат дека државата е одговорна да обезбеди работа за граѓаните; а 4 од 10 граѓани целосно се согласуваат дека во Македонија праксата „услуга за услуга“ е широко развиена појава.

 

Извештајот за спроведено теренско истражување на јавното мислење за судирот на интереси и корупција на локално ниво е изработен во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“.

 

„Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ е проект спроведуван од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Проектот е финансиран од Европската Унија. Содржината на публикацијата на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

Овој извештај ги претставува наодите од истражувањето на јавното мислење спроведено во периодот 19 февруари – 2 март 2015 година во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“. Целта на истражувањето е да собере податоци за перцепциите, ставовите и искуствата на испитаниците во однос на низа прашања поврзани со судирот на интереси и корупцијата на ниво на единиците на локалната самоуправа, но и со напредокот на Македонија во однос на ЕУ интеграцијата.

 

Податоците се собрани преку теренска анкета, лице – в лице, на примерок од 1603 испитаници со статистичка грешка од +/- 2,5%. Анкетата се спроведуваше на македонски и албански јазик./крај/со/бб

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија6 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија8 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ11 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија13 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија13 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет15 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија3 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...