Свет
Уапсен за подготовка на атентат во Њујорк
Симпатизер на Ал Каеда е уапсен во саботата во Њујорк додека подготвувал бомби кои имал намера да ги употреби против полицијата и припадниците на американските вооружени сили, соопшти во неделата навечер њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг.
Симпатизер на Ал Каеда е уапсен во саботата во Њујорк додека подготвувал бомби кои имал намера да ги употреби против полицијата и припадниците на американските вооружени сили, соопшти во неделата навечер њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг.Дваесет и седумгодишниот Хозе Пиментел, со доминиканско потекло, преобратен во исламот, „имал намера да ги употреби бомбите за напад врз полициски возила, поштенска опрема и војници кои се враќаат од странство“, истакна Блумберг на прес-конференција. Според градоначалникот на Њујорк, доколку се оствариле нападите, би страдале многу луѓе. Блумберг пред новинарите дополни дека пред апсењето „,имало најмалку 13 терористички заговори во кои мета бил Њујорк, по 11-ти септември“.Пиментел, според Блумберг, бил „осамен волк“ кој би мотивиран од незадоволството што не бил ангажиран во американските единици во Ирак или Авганистан., и инспириран од Ал Каеда. „Тој не беше дел од поголем заговор од странско потекло“, вели Блумберг.Првиот човек на њујоршката полиција Реј Кели истакна дека осомничениот веќе произвел три бомби, откако купил делови за нив на неколку различни места и ги проучил инструкциите за правење бомби коишто може д асе најдат на интернет. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.