Свет
Пријатели на Сирија: Асад мора да ја напушти власта

На конференцијата на меѓународната група Пријатели на Сирија во петокот во француската престолнина Париз, повторно беше истакнато дека сирискиот претседател Башар ал-Асад мора да ја напушти власта, а е најавена намерата за значително поголема помош за опозицијата.
„Учесниците меѓусебно се согласија и изјаснија за тоа дека сите оние чијашто присутност во Сирија го компромитира процесот на политичка транзиција мора да бидат ‘отстранети’, за да тој може да се спроведе. Исто така, истакнато е дека Башар ал-Асад мора да си замине од власта“, се наведува во заедничкото соопштение што го потпишаа стотина учесници на конференцијата на западните и арапските држави.
„Некои земји учеснички на конференцијата на опозицијата ќе ѝ достават средства за комуникација кои ќе им овозможат побезбедно меѓусебно комуницирање, како и подобра и посигурна комуникација со странство“, се додава во заедничките заклучоци од конференцијата на групата Пријатели на Сирија.
Учесниците на конференцијата го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации итно да усвои обврзувачка резолуција која би го поддржала планот на специјалниот пратеник за Сирија на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан, како и договорот за политичка транзиција во Сирија постигнат минатата сабота во Женева.
Имено Поглавјето 7 од Повелбата на ОН, според западните земји, отвора можност за санкции, па и прибегнување кон употреба на сила против оние коишто нема да го почитуваат текстот на резолуцијата. Мерките со коишто ќе се овозможи почитување на резолуцијата би биле донесени во согласност со членот 41 од Повелбата на ОН, се наведува уште во заклучоците од конференцијата. Инаку содржината на членот 41 гласи: „Советот за безбедност може да одлучи кои мерки ќе се применат, а притоа да не станува збор за примена на вооружена сила, за да донесените одлуки станат ефикасни“.
Западните земји, од една страна, и Русија и Кина, од друга страна, различно го интерпретираат договорот од Женева. Москва и Пекинг сметаат дека на Сиријците мора да им се обезбеди и да им се гарантира самите да одлучат за сопствената иднина, додека Западот смета дека договорот го имплицира заминувањето од власта на сирискиот претседател Башар ал-Асад./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.
Свет
(Видео) Шон Пен за вечерата со Путин: На крајот сфатив дека тој всушност ме измами

Холивудскиот актер Шон Пен се присети на вечерата со Владимир Путин и Џек Николсон, велејќи дека рускиот лидер го „измамил“.
Шон Пен се присети на еден необичен момент од минатото кога делел маса со рускиот претседател Владимир Путин, признавајќи дека сè уште се чувствувал – измамен.
Во емисијата „Џими Кимел во живо“ на 11 септември, актерот реагираше на стара фотографија од себе и Путин со легендарниот Џек Николсон.
Во видеото, тројцата седат на иста маса, во Москва, опкружени со бројни гости, а Кимел се пошегува дека изгледа како сцена каде Путин ќе отруе актер.
Пен веднаш го разјасни контекстот, велејќи дека сè се случило во 2001 година на Меѓународниот филмски фестивал во Москва, каде што пристигнал со Николсон за да го промовираат филмот.
Путин, се присети Пен, неочекувано се појавил на вечерата.
Холивудските актери разговарале со рускиот претседател преку преведувач, но Пен е убеден дека рускиот лидер „знаел и разбирал англиски многу повеќе отколку што покажувал“.
Главната тема на разговор во тоа време била татковството. Имено, Пен веќе имаше две деца, Дилан и Хопер, кои ги дели со својата поранешна сопруга Робин Рајт, додека Путин, според познатите информации, е татко на најмалку две ќерки.
Пен ја опиша атмосферата на масата како речиси кинематографски – околу дваесет од нив седеа на долга маса, но сите ги слушаа исклучиво Николсон и Путин. Тој додаде и дека не е сосема сигурен дали Путин е негов обожавател, но дека несомнено покажал големо восхитување кон Џек Николсон.
И покрај донекаде мистичната и напната атмосфера, Пен денес се навраќа на тој момент со чувство на горчина: „На крајот, сфатив дека тој всушност ме измами“.