Свет
На тест најголемиот товарен авион на „Боинг“
Најголемиот товарен авион на компанијата Боинг, моделот 747-8 во понеделник изведе промотивен лет, полетувајќи од аеродромот Paine Field во американската сојузна држава Вашингтон
Околу 5.000 луѓе вработени во компанијата, заинтересирани купувачи и други гости го следеа летот на Боингот на кој беше тестиран квалитетот на управување и перформансите на моторот.Товарниот монструм, како што го нарекуваат овој модел е долг 76,3 метри и е за 5,4 метри подолг од моделот 747-400 кој во моментов е во комерцијална употреба. Според компанијата, поголемата должина ќе донесе и поголема заработувачка при транспортот.Авионот чини околу 300 милиони долари, а е изграден уште во 2005 година. Иако првично беше најавено дека ќе биде пуштен во употреба во 2009 година, поради набавката на делови и промената на дизајнот неговата промоција се случува токму сега,соопштија од Боинг.Компанијата најавува и комерцијална верзија на моделот 747-8 кој ќе биде конкуренција на во моментов најголемиот патнички авион во светот на европската компанија Ер Бас, моделот А380.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.