Економија
ССКМ-Можности за добивање ЕИБ кредитна линија
Сојузот на Стопански комори на Македонија (ССКМ), заедно со Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) и комерцијалните банки
Сојузот на Стопански комори на Македонија (ССКМ), заедно со Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) и комерцијалните банки одржа презентација на тема „запознавање на стопанствениците со можностите за добивање на кредитна линија на Европската инвестициона банка поддржана од МБПР.„Ја повикуваме бизнис заедницата да аплицира за своите проекти за кредитирање кај комерцијалните банки“, рече Александар Станојковски, директор на сектор за кредитирање и гаранции при Македонска банка за поддршка на развојот, додавајќи дека се потпишани договори со девет квалификувани банки, Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Тутунска банка АД Скопје, ИК Банка АД Скопје, Инвест банка АД Скопје, Уни Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Охридска банка АД Скопје и ПроКредит банка.“Имајќи ја во предвид поддршката на претпријатијата, ПроКредит Банка склучи Договор за кредитирање со Македонска банка за поддршка и развој. Во рамки на овој Договор, ПроКредит Банка нуди поволни кредити со каматна стапка од 6%” изјави Стевче Кузмановски, директор на корпоративен сектор во ПроКредит Банка пред бизнис заедницата.Според МБПР, стопанствениците најмногу се интересираат за кредитите за трајни обртни средства.„Кредитирањето на малите и средни претпријатија мора да започне веднаш, бидејќи нема време за одложување. Секое пролонгирање на поддршка на бизнисот, значи крај за фирмите во овие услови на економска рецесија. Потребни се долгорочни кредити со пониски камати“, рече Лилјана Лазарова, финансиски менаџер во штипската фирма „Максима“.На презентацијата присуствуваа претставници на комерцијалните банки, досегашни потписнички на договорите со МБПР, а членките на Сојуз на стопански комори имаа можност да се запознаат со можноста за апликација на ваков вид кредитни линии за поддршка на мали и средни претпријатија./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

