Македонија
Значајни средби на Иванов во Лисабон
Претседателот Иванов во Лисабон остварил повеќе средби, меѓу кои и со државната секретарка Хилари Клинтон и со првиот човек на ОН, Бан Ки-Мун кој му се извинил за неодамнешното бришење на македонскиот јазик од регистеротна Светската организација
Како што информираат од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, на средбата на шефот на државата со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун лично му се извинил на Ѓорге Иванов за неодамнешното отстранувањето на македонскиот јазик во личната карта на Република Македонија во регистарот на Светската организација. Притоа Ки-Мун потенцирал дека Обедиентите нации имаат имаат целосна почит кон македонскиот јазик. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со министрите за надворешни работи и за одбрана Антонио Милошоски и Зоран Коњановски во саботата наутро пред почетокот на состанокот на шефовите на држави и влади на земјите-придонесувачи во мисијата ИСАФ во Авганистан кој се одржува во рамките на Самитот на НАТО, остварил средби и со американската државана секретарка Хилари Клинтон. Како што јавува известувачот на МИА, Клинтон на средбата со Иванов ја потврдила целосната подготвеност за натамошна тесна соработка со Македонија, изразувајќи надеж дека со заеднички напори Македонија колку е можно поскоро ќе го заземе заслуженото место во Алијансата. Клинтон искажала благодарност за лидерстовото на Иванов и огромната поддршка во глобалната цел преку ангажманот на Македонија во мисијата ИСАФ.Покрај овие две средби, претседателот Иванов во Лисабон имал и неформални средби со првиот човек на Европската Унија, Херман Ван Ромпуј и на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, турскиот претседател Абдула Ѓул, како и со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. На средбите на претседателот Иванов со Ромпуј и со Баросо била нагласена подготвеноста за натамошна тесна соработка со интегративниот ЕУ процес на Република Македонија.Турскиот претседател Ѓул потенцирал дека Македонија може да смета на целосна поддршка од Турција. Авганситанскиот претседател Хамид Карзаи за абалагодарил за ангажманот на македонските мировници и за нивната посветеност во напорите за изградба на проспертетен Авганистан. На средбата со Карзаи, македонскиот претседател Иванов посочил дека со заеднички напори ќе се постигне крајната цел – демократско општество засновано на владеење на правото и почитување на човековите права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

