Свет
Северозападна Бугарија е најсиромашен дел на Европската унија

Најбогатата област во Европската унија, центарот на Лондон, е седум пати побогат од најбедната Северозападна Бугарија, покажуваат најновите европски истражувања.
Најбогатата област во Европската унија, центарот на Лондон, е седум пати побогат од најбедната Северозападна Бугарија, покажуваат најновите европски истражувања. Според истражувањето на Европската статистичка служба Еуростат, најсиромашните региони во ЕУ се Бугарија, Романија, Полска и Унгарија, сите поранешни комунистички земји од Централна и Источна Европа, што се приклучија на Унијата во 2004 и 2007 година. Најбогати области во Унијата пак, се делови на Германија, Холандија, Данска и Велика Британија.Како пример е даден БДП по глава во Централен Лондон, што е 334 отсто од просекот на ЕУ, за разлика од 26-те отсто во северозападна Бугарија. Вториот најбогат регион е Луксембург, а по него следат Брисел и Хамбург./крај/бт/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Уште еден инцидент: нападнато и возилото со кое патуваше Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Лидерот на проруската Партија на преродбата, Костадин Костадинов, беше снимен како го блокира влезот на автомобил во фабрика за оружје во бугарскиот град Сопот за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата.
Националистичката партија на преродбата се обиде да ја спречи Фон дер Лајен да влезе во фабриката, напаѓајќи го возилото за кое демонстрантите веруваа дека е нејзино.
На видеото се гледа како Костадинов блокира црн автомобил, тврдејќи дека бугарската полиција, која се обидувала да ги убеди демонстрантите да го пропуштат возилото, „сакала да го прегази“.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, демонстрантите со бугарски и руски знамиња го опкружуваат автомобилот, кој потоа се движи напред, но е неколку пати погоден од еден од транспарентите.
Костадинов може да се види како се расправа со полицијата со свирежи, и извици „нацисти“, додека демонстрантите понатаму го опкружуваат возилото.
Не е јасно дали претседателката на Европската комисија воопшто била во возилото во времето на инцидентот. Костадинов подоцна тврдеше дека стигнала до фабриката во Сопот со хеликоптер, а не со автомобил.
Порано денес беше објавено дека во неделата авионот од Фон дер Лајен кружел со часови и едвај успеал да слета во Бугарија поради, како што се тврди, операција за блокирање на GPS.
Фото: принтскрин
Свет
Сибиха: Вонреден состанок на Советот Украина-НАТО, поради руските напади

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, објави дека денес во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради масовните руски напади.
„Денес, во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот НАТО-Украина на барање на Украина и како одговор на неодамнешните масовни воздушни напади од страна на Русија. Очекуваме фокусирана дискусија за заедничките чекори за соодветен одговор на отфрлањето на мировните напори од страна на Русија и ескалацијата на теророт врз Украинците“, напиша Сибиха на платформата Икс.
Тој им се заблагодари на НАТО и на сите сојузници кои продолжуваат силно да ја поддржуваат Украина.
„Москва треба да почувствува посилен притисок бидејќи тоа ја продолжува војната“, нагласи шефот на украинската дипломатија, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Таткото на Маск: „Зеленски е корумпиран диктатор, Путин е исклучителен државник“

Ерол Маск, таткото на американскиот милијардер Илон Маск, рече дека рускиот лидер Владимир Путин е „исклучителен државник кој успеал да го зачува единството на Русија“, додека го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „корумпиран диктатор“.
Во интервју за шпанскиот весник „Ел Мундо“, Маск постариот изјави дека по посетата на Москва, каде што, како што вели, го поминал целиот ден со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изразил силна поддршка за рускиот режим.
„Путин успеал да го зачува единството на огромна, комплексна земја. Диктатор не може да го постигне тоа. Лидер со визија го постигнува тоа“, рече тој.
Тој го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „корумпиран диктатор“ и тврдеше дека Украина е одговорна за „геноцидот врз рускојазичното население во Донбас“.
„Зеленски е авторитар кој ја турка земјата во војна додека се преправа дека е демократ. Неговата влада е персонализирана, репресивна и целосно зависна од американските пари“, рече Маск.
Тој исто така додаде дека Илон го советувал да не оди во Москва, како и едно европско кралско семејство, но дека сепак отишол затоа што, како што вели, „сака да ги гледа работите со свои очи“.
„Москва е бисер. Сè е чисто, уредно. Целосно е безбедно. Тоа е совршен град. А руските жени се неверојатни. Сите би можеле да бидат модели“, рече Ерол Маск.
Фото: принтскрин