Македонија
Седница на ДИК за усвојување на роковникот за предвремени парламентарни избори
Државната изборна комисија во петок ќе одржи седница на која на дневен ред ќе се најде Роковникот за извршување на изборните дејства за спроведување на најавените предвремени парламентарни избори.
Изборот за нови народни пратеници закажан е за 27 април на денот кога ќе се одржи и вториот круг од претседателските избори.
Комисијата треба да ги донесе и Предлог – Одлука за важење и применување на обрасците за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, Предлог – Образец за Договор за коалицирање, Предлог Образец за Записник од влечење ждрепка и Предлог Образец за Посебен записник.
На дневен ред пред членовите на комисијата ќе се најдат и барањата за разрешување на претседател, членови и нивни заменици од Општинските изборни комисии, а треба да се изврши и случаен избор за именување на претходно разрешените претседатели, членови и нивни заменици во Општинските изборни комисии.
На денешната седница така треба да биде донесена и одлука за утврдување на бројот на избирачкото место за гласање на членовите на Избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

