Македонија
Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија
Охридска архиепископија да стои во името на Македонската Православна Црква (МПЦ) едногласно одлучија денеска делегатите на редовниот годишен црковно – народен Собор.Како што соопшти МПЦ, усвоени се „измените кои се однесуваа на името на македонската Православна Црква“
Охридска архиепископија да стои во името на Македонската Православна Црква (МПЦ) едногласно одлучија денеска делегатите на редовниот годишен црковно – народен Собор.На Соборот,како што соопшти МПЦ, усвоени се „измените кои се однесуваа на името на македонската Православна Црква, согласно со вековната традиција на Православните цркви, во чие што име се содржат историските и актуелните атрибути од историјата и животот на секоја црква“.„Ние од Охридска архиепископија никогаш во нашата историја не сме се откажале. Уште во 1943 година, кога ќе се одржи првиот собир на свештеници во Издеглавје, декларира да ја обноват Охридска архиепископија“, рече господин Тимотеј, портпарол на МПЦ, пренесе А1 телевизија.На заседанието одржано зад затворени врати делегатите од сите епархии и институции на МПЦ од земјата и дијаспората измениле или дополниле вкупно 14 члена од црковниот Устав, вклучувајќи и измени во делот на симболите на МПЦ, грбот и знамето, соопшти Црквата.Нов официјален симбол на македонската Црква е црквата Света Софија, како соборна црква на сите македонски архиепископи./крај/амп/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации
По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.
Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.
А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.
Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.
Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.
Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

