Економија
Хрвати сакаат да ги купат сите српски прехранбени компании

Хрватските компании што се занимаваат со производство на прехранбени производи со помош на државата и кредити од Европската банка за обнова и развој (EBRD), планираат да купат што поголем број претпријатија во Србија кои произведуваат храна – пренесува српскиот весник Прес.
Хрватските компании што се занимаваат со производство на прехранбени производи со помош на државата и кредити од Европската банка за обнова и развој (EBRD), планираат да купат што поголем број претпријатија во Србија кои произведуваат храна – пренесува српскиот весник Прес.
Хрватска проценила дека за време на економската криза во Србија, за не многу големи пари, би можело да се купат неколку прехранбени гиганти и така во целост да се преземе таа област.
Според Прес, носители на овој план во Хрватска се компаниите „Агрокор“, „Атлантис груп“ и „Краш“, а на мета биле фабриките „Јафа“, „Карнекс“, „Бамби“ и „Имлек“. Првиот чекор како што пишува весникот бил направен уште на 1. јули годинава, кога „Атлантис груп“ за 382 милиони евра ја купил „Дрога Колинска“ заедно со „Соко Штарк“.
Случајно или не, веднаш по купувањето на „Дрога“, 8,53 проценти од акциите на „Атлантис груп“ ги купи EBRD за вкупно 57,5 милиони евра.
Прес открива и дека загрепски „Краш“ веќе неколкупати официјално барал од сопственикот на „Јафа“, Небојша Шарановиќ, да им ја продаде фирмата. Одговорот од српска страна бил кус и јасен, дека фабриката не се продава.
Моментално во Србија работат околу 200 хрватски фирми, додека само неколку српски компании се активни на хрватскиот пазар. Ваквата позиционираност на српските фабрики во Хрватска, за претседателот на Стопанската комора на Србија, Милош Бугарин,е поразителна. Тој смета дека брендовите што се синоним за Србија, како што се крем бананите, смоките, плазма бисквитите и еурокремот, треба да останат во сопственост на домашните фирми./крај/пр/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Светската банка изрази задоволство од приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) и од напорите коишто ги вложи Народната банка за постигнувањето на оваа цел. Членството ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, а најголема придобивка ќе имаат граѓаните и компаниите. За натамошни придобивки важно е земјата да се приклучи и кон регионалниот проект за инстант плаќања којшто го предводи Централната банка на Италија и којшто е дел од Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.
Ова беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорката за Западен Балкан на Светската банка, Шиаочин Ју и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, на кој присуствуваа и вицегувернерката Емилија Нацевска, генералната директорка за супервизија, Викторија Глигорова и секторската директорка за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан. На средбата беше нагласена посветеноста на Народната банка и инволвираните институции во земјава, коишто со поддршка на експертите од Светската банка напорно работеа на забрзување на процесот на интеграција на земјава во платежната инфраструктура на Европската Унија, преку приклучување кон СЕПА.
На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за постојаната поддршка којашто Светската банка ни ја даваше во целиот процес, со што ефективно се усогласија националните со регулативите и практиките на ЕУ и СЕПА, при што нашата земја стана 39 членка на СЕПА.
На состанокот стана збор и за натамошна модернизација на платните системи и натамошни придобивки за граѓаните, особено преку приклучување кон проектот којшто го спроведува Централната банка на Италија, а е наменет за сите земји од Западен Балкан. Се работи за воспоставување систем за инстант плаќања како клон на системот ТИПС со кој управува Европската централна банка (ЕЦБ). Системот ќе овозможи инстант извршување на домашните плаќања во кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со земјите од ЕУ.
Во изминатите три децении, Светската банка ѝ е значајна партнерка на Народната банка, којашто дава техничка помош преку повеќе проекти за дополнително јакнење на капацитетите на земјава и на централната банка и за одржување на макроекономската стабилност. Светската банка ѝ даде поддршка на Народната банка во подготовката на тригодишниот план за зелени финансии, изработката на макропрудентната стратегија и зајакнувањето на рамката за системски ризици, како и за изработката на подзаконската регулатива за решавање банки.
Економија
Компанијата Кожувчанка ја лансира првата Апликација – Потсетник за пиење вода, од Изворска!

Компанијата Кожувчанка повторно ја изненадува јавноста со иновација и новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден!
“Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите – Со здравје користење.” – изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.
Како работи апликацијата?
Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата, апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за хидратација.
А, ова се нејзините основни карактеристики:
• Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете веднаш!
• Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа на вашите лични потреби.
• Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем – апликацијата ќе ви испрати потсетување.
• Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и месечно ниво.
Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите Google Play и App Store: app.izvorska.mk
Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска продолжуваат да инвестираат во иновации кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност.
Ваша,
Кожувчанка
ПР
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,43 п.п., при што во февруари таа изнесува 2,19%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,34 п.п. и изнесува 5,18%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.