Македонија
„А1“ под полициска опсада, полицијата негира дека на вработените им е забрането движење
Полициски екипи ги блокираа влезовите на Националната телевизија „ А1“ пред околу три часа и ја затворија главната капија. Во моментов сите вработени во „А1“ се во кругот на телевизијата.Пред капијата на телевизијата има екипи од други медиуми, но и членови на опизициската СДСМ. Пред телевизијата се наоѓаат пратениците на СДСМ Цветанка Иванова и Стевче Јакимовски, како и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски., Тито Петковски од НСДП и Љубе Бошкоски од ОМ. „А1“ во моментот емитува отворено студио за целата ситуација.Вработените велат дека не знаат зошто им е попречена слободата на движење и додаваат дека полицијата не им покажала никаков налог.„Апсолутни лаги и невистини се информациите дека на вработените им е попречено движењето. Не е попречен ниту влез, ниту излез од А1. Ова е чиста манипулација со јавноста. Полицијата асистира при финансиска контрола на фирми кои се регистрирани на адресата каде се наоѓа А1 телевизија“, изјави потрпаролот на МВР, Иво Котевски. /крај/макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

