Економија
Еколошки горива на пазарот од денеска
Нови, помалку загадувачки нафтени деривати на пазарот во Македонија ќе има од денеска, а старите треба да се продадат за 15 дена односно два месеци
“Од денес, 1 јули, како што беше предвидено со Правилникот за течни горива на пазарот во РепубликаМакедонија се воведуваат нови нафтени деривати со највисок квалитет во однос на заштитата на животната средина согласно најстрогите европски норми“, рече Мартин Мартиновски, портпаролот на Владата, на денешната прес – конференција.Количините кои до сега се продаваа на пазарот треба да бидат потрошени во рок од 15 дена за нафтата и два месеци за бензините и мазутот. По истекот на тој период, Пазарниот инспекторат кој е надлежен за проверка на квалитетот на нафтените деривати на пазарот во Македонија ќе ги проверува редовно бензиските пумпи, ќе зема примероци и ќе ги испраќа во сертифицирани лаборатории на испитување. Казните за прекршителите, во зависност од делото, но и од извршителот изнесуваат од 500 до 15 илјади евра. Со оваа мерка се воведуваат четири нови деривати, мазут со максимум сулфур од 1 отсто, додека оној што се користеше до сега содржеше максимум 3 отсто сулфур. Еуродизел 5 со содржина на сулфур од максимум 10 ИПМ, кај досегашниот Еуродизел 5 максималната врадност на ИПМ беше 50. Се воведува нов белоловен бензин од 95 октани што сорджи 35 отсто аромати и бензен до 1 отсто, додека претходниот беше со зромати до 45 отсто, а 5 отсто бензен. И безоловниот бензин од 98 октани е нов со максимум со иста количина аромати и бензен како и тој од 95 октани.“Овие супстанци се едни од најштетните супстанци коишто се содржат во бензините и нивното намалување значително ќе придонесе во намалувањето на штетните емисии во воздухот. Бензенот е супстанца којашто е канцерогена и ова намалување од 5 на еден отсто е суштинска во намалувањето на ризиците коишто произлегуваат од штетните емисии“, рече Мартиновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

