Контакт

Македонија

КСС: Загинувањето на работниците да не се злоупотребува за политички цели

Објавено пред

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ги осудува сите обиди на злоупотреба за партиски и политички цели на двата трагични настани кои се случија при изградбата на објектите од проектот Скопје 2014

dobivaj vesti na viber

Она што најмалку е потребно е присуство на политика кога станува збор за лични трагедии на две семејства, сметаат од КСС. „Работата на политичките партии не е тие да излегуваат со квалификации за утврдување на причините за несреќата, тоа се очекува и тоа треба да го направат надлежните институции“, стои во соопштението на КСС.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа: „ЕУ ќе нема кредибилитет ако не го исполни ветувањето“

Објавено пред

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас ја доби наградата за мир за Договорот од Преспа.

dobivaj vesti na viber

Наградата „Никос Никофоридис“ ја доделува мировната организација „Обсерваторија за меѓународни организации и глобализација“.

 

„Како што рековме неодамна со Зоран Заев, треба јасно да ставиме до знаење дека единствениот пат не само за европската иднина, туку и за иднината на самата Северна Македонија како земја е почитувањето на Договорот од нејзиниот нов политички и државен врв. (…) Треба да го вратиме моментумот на европската перспектива создадена со Договорот од Преспа, извлекувајќи го регионот од стагнацијата во која беше во 2018 година. Договорот, кој претставува модел за решавање на споровите во Западен Балкан, докажува дека постојат неколку заеднички прифатливи решенија кои истовремено ги штитат националните интереси и промовираат мир. И ако Европската унија се покаже како несигурна во однос на ветувањето за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила“, додаде експремиерот на Грција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска Давкова на дебата на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.

dobivaj vesti na viber

На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, Сиљановска Давкова присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги, што ја предводи САД, со цел обединување на меѓународните напори и преземање на координирани акции во справување со заканите од синтетички дроги, коишто се во пораст на глобално ниво. На состанокот се обратија американскиот претседател Бајден и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Претседателката присуствуваше и на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, со кој претседаваше словенечкиот премиер Роберт Голоб, на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“, на којшто се дискутираше и беа разменети информации за безбедносната состојба во Украина.

Во рамки на учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со извршната директорка на Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Woman), Сима Бахус.

Двете соговорнички споделија искуства за активностите што ги преземаат жените – лидери за промовирање и одржување на мирот и одржливиот развој и разменија мислења за чекорите што треба да ги преземат светските лидери со цел обезбедување на континуиран напредок во родовата еднаквост, јакнење на улогата на жените и нивна поголема вклученост во процесите на одлучување и креирање политики.

Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста на македонските институции за натамошно продолжување на успешната соработка со Агенцијата на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, како и нејзината силна посветеност за унапредување на севкупната улога на жените.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лимани кон младите: Нашите врати се отворени за вас

Објавено пред

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, денеска учествуваше на конференцијата насловена „Од Словенија до Северна Македонија: Синергијата на образованието и бизнисот во Северна Македонија, во организација на Амбасадата на Република Словенија, Македонската студентска организација во Словенија и Друштвото на словенечки и македонски стопанственици.

dobivaj vesti na viber

Целта на оваа конференција беше на едно место се соберат младите студенти, претставниците на институциите и стопанствениците, да се слушнат предизвиците со кои сме соочени како држава и заеднички да се работи на изнаоѓањето на решенија со кои ќе се подобри демографската слика на државата односно ќе ги вратиме младите дома, а на идните генерации да им се обезбедат услови за образование и напредок во својата земја.

Во своето обраќање пред присутните министерот Лимани се осврна на сериозноста на состојбата со младите од Македонија, кои се повеќе иднината ја гледаат во други држави. Притоа ја истакна заложбата на оваа Влада која ги препознава предизвиците со младите и заради подигнување на нивното значење во општеството, секторот млади го вгради како приоритетна област во Министерството за социјална политика, демографија и млади.

„Би сакал да се осврнам на едно од последните истражувања на Фондацијата Вестминстер за учеството на младите во социјалниот и политичкиот живот во државата, според кое 62% од младите би се отселиле од Македонија доколку им се пружи шанса, а уште посериозно е дека дури 77% од младите не би се вратиле назад во Македонија доколку се отселат. Како фактори кои влијаат на овие нивни одлуки се вбројуваат состојбите во образовниот систем, студентскиот стандард, здравството, како и можностите за вработување. Овие бројки, се алармот кој веќе е вклучен. Оваа состојба во која се наоѓа нашата држава е многу сериозна. И наша одговорност како Влада е да преземеме сериозни чекори ВЕДНАШ, за да го смениме овој негативен тренд,“ посочи Лимани.

Тој посочи и дека презентацијата на резултатите од анкетата спроведена од Македонската студентска организација во Словенија и излагањата на студентите од Универзитетите во Словенија за тоа како младите гледаат на можноста да се вратат во својата земја за да бидат дел од општествената заедница се патоказите кои треба да ги следиме, ако сакаме да постигнеме успех во решавањето на овој предизвик.

„Следејќи го овој негативен тренд на заминување на младите од државата и нивно останување таму, резултираше со креирање на конкретни политики и стимулативни мерки од страна на оваа Влада, која се обврзува да ги реализира по секоја цена. Еден од главните приоритети на кои ќе работиме е отворањето на нови работни места за млади, кое може да се постигне преку поддршка за претприемништво и стартапи, обезбедување финансиска поддршка и грантови за млади претприемачи, како и обуки и менторски програми за развој на бизнис вештини,“ рече Лимани.

Тој ги посочи и партнерства со приватниот сектор, поттикнување на инвестиции од домашни и странски компании, даночните олеснувања и субвенции, формирање на јавно-приватни партнерства за развој на нови проекти, поддршката на новите технологии и иновации, инвестициите во инфраструктурата и услугите во руралните подрачја, како дел од мерките кои ќе ги преземе оваа Влада.

„Сликата на заминување на младите студенти надвор од државата затоа што тука не успеале да се вработат и нивниот потенцијал не бил препознаен, ќе го замениме со нова слика. Ќе обезбедиме загарантирана понуда за работа за најдобрите студенти. Оваа мерка ќе придонесе кон намалување на невработеноста меѓу младите и да помогне во задржување на талентираните млади луѓе во земјата,“ посочи Лимани.

Тој на крајот на своето обраќање им порача на младите: „Нашите врати се отворени за вас, ајде заедно да ги креираме и реализираме идните младински политики.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Комисијата за спречување на корупцијата ќе продолжи да го следи случајот со Иљази, обвинета е за случувањата со договорите на дело на Токсикологија

По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, ОЈО Скопје почна постапка против поранешната организациска директорка на Клиниката за...

Топ2 часа

Мотоциклист паднал избегнувајќи возило што престигнувало, МВР го бара возачот што не застанал да му помогне

МВР трага по возач кој не пружил помош на повреден мотоциклист во Охрид. Според информациите од полицијата, до несреќата дошло...

Македонија2 часа

(Видео) Митева: СДС и ДУИ воошто не воделе сметка за државниот интерес, го донеле буџетот во опасност од арбитражни побарувања од 1,3 милијарда евра

Според портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, 7 години СДС и ДУИ го гледале само личниот и партиски интерес, наместо државниот....

Македонија3 часа

Демократскиот сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

„Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители...

Култура3 часа

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, мецосопран (1973 – 2024), објави НУ Национална опера и Балет. Ирена Кавкалевска, мецосопран, добитничка на...

Македонија4 часа

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата...

Македонија5 часа

Организациска директорка на Токсикологија обвинета за злоупотреба на службената положба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена...

Регион5 часа

Хрватската државна секретарка: На Северна Македонија и на Албанија треба да им се дозволи да направат чекор напред на патот кон ЕУ

Хрватска силно ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но врз основа на заслуги, што значи...

Свет5 часа

(Видео) Пукано во канцеларијата на Камала Харис

Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само...

Свет8 часа

Се огласија сирените во Тел Авив; Израел: Го пресретнавме проектилот

Предупредувачките сирени се огласија денеска во трговскиот главен град на Израел, Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета...

Свет8 часа

Либан разочаран од прошталниот говор на Бајден: „Единствено, вие можете да направите разлика“

Министерот за надворешни работи на Либан Абдалах Бу Хабиб изрази разочарување од изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за ескалацијата...

Европа8 часа

(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник...

Свет8 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. „Ќе продолжиме да го...

Македонија17 часа

Земјотрес во Скопје

Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје. Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според...

Македонија21 час

Меџити: Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги додели на он-лајн коцкарници

Првиот Вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието...

Топ23 часа

Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал...

Македонија23 часа

Половина милијарда денари ќе чинат пет години необезбедените учебници по странски јазици за основните училишта

Јавната набавка, која треба да ја реализира Министерството за образование и наука за да обезбеди учебници по странски јазици за...

Македонија23 часа

Орбан од утре во дводневна посета на Македонија

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан,...

Македонија1 ден

„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за...