Свет
Геј парада во Непал
Околу 500 припадници на геј, лезбиската и трансексуалната популација учествуваа денеска на геј парадата во градот Најарангаџ на југот од Непал, каде е во тек пишување на нов Устав, јаваува Асошиејтид прес.
Околу 500 припадници на геј, лезбиската и трансексуалната популација учествуваа денеска на геј парадата во градот Најарангаџ на југот од Непал, каде е во тек пишување на нов Устав, јаваува Асошиејтид прес.
Ова е првпат геј парадата да се одржува надвор од главниот град на Непал, Катманду каде припадниците на сексуалните малцинства за време на познатиот фестивал Гаијатра веќе излегoa на улиците и бараa еднакви права за луѓето со различна сексуална определба.
Според зборовите на членовите на непалскиот парламент и активистите на геј организациите Сунила Пант, основната цел на денешниот собир е ширењето на кампањата по целата земја.
„Сакаме свеста за еднаквоста кај сексуалните малцинства да ја развиеме и кај луѓето од селските делови. Жителите на главниот град оваа идеја вогласвно ја прифатија, но тоа мора да го прошириме и на другите делови од земјата“ вели Пант.Како што наведува Асошиејтид прес, до пред само неколку години луѓето со различна сексуална ориентација во Непал не смееле отворено да зборуваат за својата сексуална ориентација.
Според организацијата која ги застапува правата на сексуалните малцинства, трансвеститите во непал биле дискриминирани и трпеле насилства од страна на полицијата и јавноста.
Според Пант, припадниците на геј и лезбијската популација во Катманду се повеќе отворено зборуваат за својата сексуална ориентација, но кај луѓето од селските делови и понатаму преовладува страв. /крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон за нападот во Франција: Правдата ќе ја утврди вистината
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека има целосна доверба дека правосудниот систем на земјата ќе ја утврди вистината и ќе реагира со најголема цврстина откако возач на автомобил намерно удри неколку луѓе на островот Олерон во средата.
„Сите сме шокирани од нападот. Изразувам најдлабоко сочувство до повредените и семејствата на погодените. Им се заблагодарувам на нашите безбедносни и спасувачки сили кои беа мобилизирани за да го заштитат францускиот народ“, изјави Макрон, кој моментално е во Бразил, каде што учествува на климатскиот самит.
Возачот, 35-годишен маж кој живее на островот, намерно прегазил пет лица вчера, соопштија обвинителите.
Градоначалникот на Сен Пјер д’Олерон ја потврди намерата на возачот да удира во случајни минувачи.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека осомничениот покажувал експлицитен религиозен став и бил предмет на саморадикализација.
Сепак, во оваа фаза од истрагата, не е јасно дали религиозните мотиви биле причина за нападот, објави Ројтерс. Две лица повредени во инцидентот се уште се во сериозна здравствена состојба.
Регион
38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и шипка.
„Жртвата има ужасни повреди на лицето, главата и телото, кои најверојатно се нанесени од тврд предмет. Во куќата се пронајдени метална шипка и дрвена палка, кои форензичките експерти ги зедоа од местото на настанот за испитување. Се сомнева дека човекот бил претепан до смрт со овие предмети“, вели извор запознаен со случајот, додавајќи дека убиството веројатно се случило 24 часа пред да биде пронајдено телото.
На уапсените осомничени им е одреден притвор до 48 часа.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.

