Македонија
Изгласани измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието вчера попладне ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик.
Собранието вчера попладне ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик.
Со измените и дополнувањата се имплементирани меѓународните стандарди за спроведување на изборите, како и препораките на Венецијанската комисија.
Во новиот закон сега се содржани решенија согласно договорите на политичките партии за префрлување на Центар Жупа од шестата во петтата изборна единица и политичките партии да имаат приближно ист број на гласачи во сите изборни единици.
Собранието ги изгласа и измените на Законот за пратениците, со кој се утврдува висината на надоместокот што треба да го земаат пратениците во идниот пратенички состав во услови кога пратеничката група или пратеник јавно ќе изјави дека ја бојкотира работата на Собранието.
Со овој Закон се регулираат и надоместоците кои треба да ги исплати Парламентот за пратениците од седмата, осмата и деветата изборна единица, кои ги претставуваат граѓаните кои привремено престојуваат и работат надвор од територијата на земјава.
Ним им се доделува службен стан и во исто време шест пати во годината се исплаќа надоместок за патни трошоци за да може да отиде во изборната единица од каде што е избран и да контактира со неговите гласачи.
Денеска Собранието треба да го изгласа претседателот на Државната изборна комисија и Уставниот амандман 32 кој се однесува на екстрадиција на граѓани./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Попладнево избувна голем пожар кај ресенското село Долно Дупени

Попладнево избувна голем пожар кај ресенското село Долно Дупени, во непосредна близина на Преспанското Езеро. Благодарение на брзата реакција на екипите на Територијалната противпожарна единица Ресен, викендиците и куќите од селото се спасени од огнената стихија. Моментално, огнот се движи кон непристапен терен, каде што гаснењето е отежнато.
Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување веќе се вклучени во акцијата, а поради високите температури, полициски хеликоптер ќе се приклучи во 16:30 часот. На терен се и жители од селото, кои помагаат на пожарникарите во локализацијата на пожарот.
Ситуацијата е под контрола во делот каде што има објекти. Нема опасност по куќите и викендиците, но борбата продолжува на непристапниот планински терен. Авијацијата ни помага значително, а апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да не предизвикуваат нови пожари – изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Македонија
ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово.
„Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, се вели во соопштението од МЗ.
МВР претходно информираше дека денеска во 03:20 часот во СВР Тетово, Ј.С. од село Копанце, тетовско, пријавил дека на Инфективно одделение во Клиничка болница Тетово била хоспитализирана С.С. (30) од с.Копанце, член од неговото семејство и набргу починала.
„Според пријавеното, таа била примена на болничко лекување, претходниот ден во 19.00 часот и наводно, според негово кажување, не ѝ била укажана соодветна лекарска помош, по што починала. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото и по однос на пријавата бил формиран тим за испитување на настанот, кој ќе го води дежурен јавен обвинител во содејство со екипа од СВР Тетово“, се вели во соопштението од МВР.
Македонија
Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија животот кај месноста Љуботенски бачила во одбрана на својата држава.
Во знак на сеќавање и благодарност, венци и цвеќе положија делегација на Владата предводена од министерот за правда Игор Филков и министерот за дигитализација Стефан Андоновски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од бригадниот генерал Орце Јордев, како и делегација од Кабинетот на претседателот на Македонија, претставници на Армијата и роднини на загинатите бранители.
На денешен ден пред 24 години, осум бранители од резервниот состав ги загубија животите при активирање на мина додека биле на пат кон месноста Љуботенски бачила. Загинатите се: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Исто така, денес се оддава почит и на Ацо Ангеловски, кој го загуби животот во 2000 година за време на вооружен напад врз полициска патрола во Арачиново.