Свет
ОН избира пет непостојани членки на Советот за безбедност
Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во четврток со тајно гласање ќе избира пет непостојани членки на Советот за безбедност
Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) во четврток со тајно гласање ќе избира пет непостојани членки на Советот за безбедност.
Изборот годинава не го следи неизвесност, бидејќи низ регионалниот систем на ОН за кандидирање е дојдено до само пет кандидати за петте места.
Единствен кандидат од Источна Европа е Босна и Херцеговина. Кандидат на азиската група е Либан, а на Латинска Америка и Карибите – Бразил. Африканската група, која има право на двајца кандидати ги номинираше Нигерија и Габон.
Новоизбраните држави – непостојани членки на Советот за безбедност на ОН имаат мандат од две години, а на први јануари 2010 ќе ги заменат Хрватска, Либија, Виетнам, Костарика и Буркина Фасо.
Советот за безбедност на ОН има пет постојани членки и тоа Русија, Кина, САД, Обединетото кралство и Франција, како и десет непостојани, кои имаат мандат од две години, а пет од нив се менуваат секоја година.
Покрај новоизбраните во Советот за безбедност, непостојани членки со мандат од уште една година се и Австрија, Јапонија, Турција, Уганда и Мексико. /крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: урагански ветрови и снег во Улцињ
Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер.
Утринава во Улцињ се забележани најсилни налети слични на урагани со над 100 километри на час, додека во Подгорица дува ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час.
Во некои делови од градот отежнато е снабдувањето со електрична енергија.
Ветерот урна дрво на мостот на браќата Златичани во Подгорица и ја оштети оградата на мостот, а надлежните служби на главниот град го отстранија дрвото и обезбедија непречено функционирање.
Службата за заштита и спасување на главниот град апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Свет
(Видео) Огнено торнадо снимено во Лос Анџелес
Огнено торнадо е забележано во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе пет дена е загрозена од големи пожари.
Катастрофалните пожари веќе однесоа животи на најмалку 16 луѓе и уништија повеќе од 10.000 згради.
Феноменот е снимен недалеку од елитната населба Пацифик Палисадес, една од најтешко погодените од пожарите, објави Дејли Меил.
Иако денеска состојбата на терен е нешто поповолна, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо.
Sky5 was overhead of two #FireTornados along the northern flank of the #PalisadesFire. pic.twitter.com/byBTw0Pexm
— KTLA (@KTLA) January 11, 2025
Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога пожар со турбулентни ветрови создава огнен вител, придружен со пепел и чад.
Владата сè уште не објави проценки за штетите, но приватните фирми проценуваат дека таа ќе се искачи на десетици милијарди долари.
Јавното здравство на округот Лос Анџелес издаде наредба за јавно здравје, во која се наведува дека пожарите „сериозно го нарушиле квалитетот на воздухот и претставуваат непосреден и долгорочен ризик за јавното здравје“.