Македонија
Волонтерството во Македонија
Центарот за неформално образование „ Триаголник“ денес во културниот центар „ЦК“ ги презентираше финалните резултати од тринеделната кампања на организацијата за волонтерство ,,Крени рака стани волонтер“.
Волонтери денес од 11 до 14 часот низ Скопје имаа можност да презентираат информации за волонтирањето преку флаери, капчиња но и да го пренесат своето искуство. Волонтирањето на членовите на „Триаголник“ било во повеќе образовни институции, приватни фирми како и во невладиниот сектор. -Целта на членовите на „Триаголник“е да опфати минимум 100 луѓе кои ќе ги регрутира а тој што ќе стапи во контакт со најмногу луѓе ќе биде победник- . Кандидатете кои се на возраст од 12 до 26 години а кои сакаат да станат волонтери може да дојдат во центарот за неформално образование „Триаголник“, изјави Мирјана Ѓорчевска главен координатор на „ Триаголник“Победниците се Драгица Ефтимова и Фросина Стојановска со 144 придобиени индивидуи а награда за постигнатиот успех е масажа во козметичкото студио „Силуете“Во Македонија нема дефинирано правно колку треба да трае волонтирањето на еден волонтер во фирмата во која работи . -Јас со волонтирање започнав прд 3 години. Сакам да се дружам со млади луѓе и да го пренецсам искуството што сум го стекнала-изјави Ивана Ангеловска членка на „Триаголник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

