Општество
Двојките од „Танц со ѕвездите" ќе танцуваат за Боро Стаиќ
Двојките од светски познатото шоу „Танц со ѕвездите” својот талент и вештините кои ги стекнаа овие неколку месеци со учеството во ова шоу, ќе ги донираат на хуманитарниот концерт наменет за собирање средства за лекување на Боро Стајиќ.
Поттикнати од желбата на сестрата на Боро, танцовите двојки од ова шоу ќе го отворат концертот со танго, танго кое се надеваат и посакуваат за некое време Боро заедно со неговата сестра да го заигра и со тоа да ја исполни желбата на Јана Стајиќ.
„Она што најмалку можам да го направам е да играм, пеам и помогнам за Боро… Од душа ќе играм танго, а играјќи ќе се молам за денот кога истото ќе можам да го направам со Боро… и верувам дека тоа ќе се случи. Знам!”, вели Викторија Лоба, една од ѕвездите која со својот партнер ќе игра на овој хуманитарен хепенинг.
Боро Стаиќ е 18 годишен тинејџер кој минатото лето, при скок во вода се здоби со повреда на 4. и 5. р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia). Неговиот живот доби сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба му е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот. Во борба за исполнување на неговата желба сите негови роднини, пријатели, познаници започнаа секакви хуманитарни акции ширум државата, но она што следи и она кое што ќе се случи во Универзална Сала на 03.04.2013 е вистински мевлем за душа. Концертно шоу на ултра познатите Нокаут, Игор Џамбазов, Леб и Сол, Бени и Нон Стоп, подготвено со комплетен оркестар, спектакуларно лајт шоу, интимна атмосфера и вистински вредности ќе бидат главните поставки за кои вреди да бидете сведоци но притоа да бидете хуманитарни.
Цената на влезниците изнесува 500 МКД, а истите може да се купуваат веќе од 15.03.2013 год. во сите продажни места на www.kupikartizase.com ( „ Југотон”, „Нико Фон”, „Моби Клуб Плус”, Цвеќарница „Розе Веро” 2, Спортски центар „Борис Трајковски”,„ ТНТ ИТ Маркет”, kupikarti.com City Mall) и на билетарницата на Универзална сала. За оние кои не се во можност да танцуваат со двојките од шоуто „Танц со ѕвездите”, за оние кои не се во можност да ги слушаат неповторливите состави, за оние кои сочувствуваат…
Денарска сметка: Сметка: 210-700000600857 Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро СтајиќБанка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје
Девизна сметка : IBAN Code: MK07210501594890345 Name of account owner: Zoran StajikjBank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje SWIFT : TUTUNMK22
ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ на кои можете да донирате 100 ден/повик:070/143-112075/143-171077/143-402/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

