Свет
Хилари Клинтон бара полициски час на Хаити
Државната секретарка на САД го посети раозорениот Хаити, каде се сретна со претеседателот Превал, поддржувајќи ги напорите за помош и предупредила дека ситуацијата се’ уште е многу тешка, покрај владата која не функционира а според неа се’ повеќе има информации и за безбедносни проблеми
Хилари Клинтон во главнит град на Хаити пристигнала преку Порторики со транспортен авион Ц-130 Херкулес на американската Крајбрежна стража, кој довезе во Порт-о-пренс сто пакети вода за пиење во шишиња, со пакети говоти јадења и продукти за лична хигиена, пренесе CNN.Клинтон престојувала на Хаити четири часа во кои ненапуштајќи го аеродромот, а на враќање со неа биле евакуирани и пеесетина Аемриканци кои престојувале на Хаити коига се случи катастрофалниот земјотрес.Американската државна секретарка во сретнала со хаитскиот претседател Рене Превал, во шатор подгинат на аеродромот каде се сместени неговите привремени „канцеларии“, бидејќи неговата резиденција се урна во вторникот, од каде со американските службеници раководи со операциите за санирање на последиците.Посетата на Клинтон има цел да ја демонстрира поддршката на САД на Хаити, при што таа нгалсила дека престојот ќе го искористи да ги „идентификува оние потреби кои само САД може да ги исполнат“. Според неа, хуманитарните напори добиваат на интензитет, при што го истакнала воспоставуањето 14 дистрибутивни центри за доставување храна и вода за два милиони лица на кои според американските проценки итно им е потребна помош.Војската на САД веќе го контролира и пристаништети КејпХаитиан, на север од државата, со што ќе се зголеми обемот на помошта која Хаити може да ја прими, нагласила Хилари Клинотн.Таа предупредила дека ситуацијата се’ уште е многу тешка, покрај владата која не функционира а според неа се’ повеќе има информации и за безбедносни проблеми.Во текот на летот државната новинарка ги брифирала американските новинари кои ја следеле најзината посета и изјавила дека се надева дека владта на Хаити ќе прогласи вонредн асостојба со што би можело да се прогласи полициски час и други безбедносни мерки.„Прогласувањето вонредна состојба на владата би и’ дала големо овластување кое во практика би ги го делигирале на нас“, рекла Клинтон.Таа била загрижена заради веста на CNN дека група лекари од Мајами била принудена да побегне од имптовизираната шатроска болница оставајќи ги пациентите, откако во близината се слушнале истрели.Полициските сил на Хаити се десеткувани по земјотресот во кој досега се регистрирани околу 50 илајди загинати, па се и незабележителни, а редот го одржуваат седум илјади припадници ан мировните сили на ОН и околу десет илајди американски војници.„Работиме на тоа да ги поддржиме а не да ги замениме. Мировните сили овде се со години, имаат штаб и веќе воспоставен надзор. Размислуваме за то акако да им помогнеме“, рекла Клинтон.При посетата, американската држава секретарка била придружувана од директорот на Американската агенција за меѓународен развој (USAID), Раџив Шан, забележува репортерот на CNN.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама објави укинување на забраната за ТикТок во Албанија
Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека социјалната мрежа ТикТок повторно ќе биде достапна во Албанија.
Во интервју за „Политико“, Рама истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека наскоро ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во таа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани ТикТок пред една година, кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Свет
Данска: Именувањето на американскиот претставник го одразува континуираниот интерес на Трамп за Гренланд
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за свој специјален пратеник за Гренланд, сигнализира континуиран интерес на САД за арктичкиот остров, изјави во понеделник данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.
„Назначувањето го потврдува континуираниот интерес на САД за Гренланд. Сепак, инсистираме дека сите, вклучително и САД, мора да покажат почитување на територијалниот интегритет на Кралството Данска“, рече Расмусен во изјава испратена по е-пошта.
Трамп во неделата објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за свој специјален пратеник за Гренланд.
Трамп: Гренланд е клучен за безбедноста на САД
„Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Лендри, кој ја презема функцијата гувернер на Луизијана во јануари 2024 година, му се заблагодари на Трамп на X, велејќи: „Чест ми е што служам… на оваа волонтерска позиција за да го направам Гренланд дел од Соединетите Американски Држави. Ова во никој случај не влијае на мојата позиција како гувернер на Луизијана!“
Европа
Орбан: Колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија и дека мора да се направи сè за да се спречи тоа.
Тој ја испрати пораката во неделата за време на говорот во Сегед, како дел од неговата предизборна турнеја, каде што се соочува со силна опозиција пред претстојните избори за прв пат по 15 години на власт, пренесува Euronews.
„Немојте да се залажувате: колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија. Затоа, колапсот на Украина не е во интерес на Унгарија, но ние мора да направиме многу за да го спречиме“, им рече Орбан на своите поддржувачи, фокусирајќи се на надворешната политика.
Тој го илустрираше својот став со споредба: „Луѓето од село совршено добро разбираат дека вредноста на вашето парче земја е под влијание не само на состојбата на таа земја, туку и на состојбата на соседното парче земја, како и на тоа кој живее таму“.
Клучен снабдувач со енергија
Орбан, исто така, истакна дека Украина зависи од Унгарија за 44% од својата електрична енергија и 56% од природниот гас што го троши. Тој додаде дека значителен дел од таа енергија доаѓа од руски извори. Унгарските власти претходно ги наведоа овие бројки како одговор на критиките за блиските врски на Унгарија со Русија.
💥 “It’s not clear who attacked whom,” Hungarian PM Viktor Orbán said today at a presser on the Russia–Ukraine war, after an EU summit where he opposed any financial help for Ukraine. He’s escalating his rhetoric, for the first time openly questioning that Russia started the war. pic.twitter.com/liuQGa0Dsm
— Szabolcs Panyi (@panyiszabolcs) December 19, 2025
Еден ден претходно, унгарскиот премиер коментираше за руската инвазија на Украина, наведувајќи дека е „тешко да се каже кој кого нападнал“, што е спротивно на преовладувачкиот меѓународен став за војната.
Во својот говор во саботата, тој исто така го повтори својот став дека обезбедувањето воена помош за Украина само го продолжува конфликтот и, според него, не им служи на интересите на Украина.

