Македонија
Претседавачот со ЕУ во Македонија

Актуелниот претседавач со Европската унија (ЕУ), чешкиот премиер Мирек Тополанек денеска треба да престојува во официјална посета на Македонија
Актуелниот претседавач со Европската унија (ЕУ), чешкиот премиер Мирек Тополанек денеска треба да престојува во официјална посета на Македонија.
Според агендата, Тополанек ќе биде примен од македонскиот претседател Бранко Црвенковски и ќе има средба со премиерот Никола Груевски.
Главни теми на разговорите во Скопје ќе бидат „проширувањето на ЕУ, реформските процеси на земјата во рамки на приближувањето кон Унијата и визната либерализација“, соопшти кабинетот на Тополанек.
Неговата посета е на десетина дена од претседателските и локалните избори, кои Унијата ги оцени како исклучително важни за европската интеграција на Македонија.
„“Клучни ќе бидат претседателските избори во март и дијалогот со опозицијата. Чешка го поддржува членството на Македонија во евроатлантските структури, иако старите држави членки веќе одамна не се толку загреани за понатамошно проширување“, изјави неодамна актуелниот претседавач со ЕУ, чешкиот премиер Мирек Тополанек.
Се очекува Тополанек да потсети дека фер и слободни избори се клучниот, но не и единствениот услов за Европската комисија кон крајот на годината да препорача почеток на преговори за членство.
Според Тополанек, Македонија нема исполнето и некои од осумте критериуми како на пример справување со демократски дефицит, имплементација на судската реформа, борба со корупцијата./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.