Свет
ООН во Газа поради можно кршење на човекови права

Претставниците на ООН кои треба да спроведат истрага за можни воени злосторства сторени во областа Газа, пристигнаа денеска на палестинска територија
Претставниците на ООН кои треба да спроведат истрага за можни воени злосторства сторени во текот на тринеделната израелска офанзива во Газа, пристигнаа денеска на палестинска територија.
Екипата на ООН ја предводи јужноафриканскиот судија Ричард Голдстон, кој неколку години бил обвинител за воени злосторства на Трибуналот на Светската организација за бивша Југославија.
Истрагата ќе се занимава со “кршење на човековите права“ од израелска страна, како и оние што ги сторил Хамас во текот на судирите во Појасот Газа.
Голдстоун, кој има еврејско потекло и има врска со Израел, изјави дека сака да ги испита и двете страни.
Тимот на ООН од 15 членови денеска влезе во Газа преку Египет без ветената соработка на Израел.
Израел, во април, соопшти дека нема да соработува со ООН сметајќи дека Комисијата за човекови права на Светската организација што ја организира истрагата има предрасуди против него.
Израелската офанзива се водеше од 27 декември до 18 јануари како одговор на палестинските ракетни напади врз Израел.
Според проценките на палестинската служба на итна помош, загинале над 1.400 Палестинци и направена е голема материјална штета./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп за Израел и Иран: Тие не знаат што по ѓаволите прават

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес упати директно предупредување до Израел, велејќи дека не смее да извршува воздушни напади врз Иран, бидејќи тоа би било „сериозно кршење“ на договореното примирје.
„Сите авиони ќе се свртат и ќе се вратат дома. Никој нема да биде повреден, прекинот на огнот е на сила“, рече Трамп во објава на платформата Truth Social, пред неговото заминување за самитот на НАТО во Хаг.
Во разговор со новинарите подоцна, Трамп продолжи со своите критики кон постапките на Израел, велејќи дека Тел Авив мора веднаш да ги прекине операциите.
„Мораме да го смириме Израел затоа што утрово отидоа на мисија“, рече тој. „Морам да ги смирам.“
Кога беше прашан за наводни прекршувања на примирјето од двете страни, тој рече: „Не сум сигурен дека го направиле тоа намерно. Не успеаја да ги спречат луѓето.“
Тој додаде дека „не му се допаднала“ непосредната реакција на Израел по постигнувањето на договорот: „Наводно, една ракета била испукана по истекот на рокот и сега Израел стапува во акција. Овие луѓе треба да се смират“.
Трамп најави дека ќе се обиде лично да интервенира: „Штом ќе се оддалечам од вас, ќе се обидам да го спречам тоа“.
„Тие не знаат што по ѓаволите прават“.
Израелското воено радио објави дека израелската војска нападнала радар во близина на Техеран.
Иранските медиуми, исто така, објавија дека Израел го нападнал градот Баболсар на северот од земјата.
Иранската новинска агенција Тасним објави дека Иранската револуционерна гарда во вторникот изјавила дека најновиот бран ирански ракети против Израел бил лансиран неколку минути пред да се спроведе прекинот на огнот како одговор на смртоносните израелски напади.
Во соопштението се вели дека 14 ракети биле лансирани кон воени центри низ Израел, додавајќи дека вооружените сили на Иран ќе продолжат да ги следат „непријателските движења со отворени и будни очи“, објави Тасним.
Свет
Песков: НАТО мораше да направи чудовиште од Русија за да го зголеми буџетот за одбрана

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека НАТО мораше да „направи чудовиште од Русија“ за да ги зголеми трошоците за одбрана од два на пет проценти од БДП.
„И од гледна точка на претставниците на НАТО, природно е дека нашата земја е најсоодветна за улогата на чудовиште“, рече Песков на прес-конференција.
Toj оцени дека НАТО е на патот кон неограничена милитаризација, објави РИА Новости.
„Алијансата се движи самоуверено по патот на неограничена милитаризација, Европа се движи по патот на неограничена милитаризација. Ова е реалноста што нè опкружува, ова е реалноста што ја имаме на ум“, рече Песков.
Песков рече дека е залудно да се обидува да му се каже на Западот дека нема закана од Русија, одговарајќи на барањето на новинар да коментира за изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Русија наводно би можела да ги нападне земјите од Алијансата, пренесува Танјуг.
Руте во понеделникot изјави дека на самитот на Алијансата во Хаг, кој започнува денес, ќе биде одлучено да се зголеми издвојувањето за одбрана на пет проценти од БДП на земјите-членки.
Свет
Израел објави фотографија од иранска ракета: „Испукана е по примирјето“

Амбасадата на Израел во Обединетото Кралство објави фотографија од остатоците од ракета за која тврди дека била испукана во северен Израел за време на прекинот на огнот со Иран.
„Ова е ракета испукана кон северот на Израел – не за време на војната, туку за време на таканареченото примирје“, стои во објавата на официјалниот профил на платформата „Икс“.
This is a rocket fired at northern Israel – not during war, but during a so-called ceasefire.
Iran continues to show its true nature as a terror state and a regional threat. pic.twitter.com/L9jl0CjuDG
— Israel in the UK 🇮🇱🤝🇬🇧 (@IsraelinUK) June 24, 2025
„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице како терористичка држава и закана за регионот“, се додава во соопштението.
Израелските одбранбени сили претходно објавија дека најмалку една ракета била испукана од Иран неколку часа по почетокот на прекинот на огнот. Иран го негираше ова, тврдејќи дека не извршил никаков напад откако прекинот на огнот стапи во сила. Израел најави жесток одговор на Иран.