Свет
Над милион Американци прогласиле личен банкрот
Повеќе од еден милион Американци прогласиле личен банкрот, како последица на острата економско-финансиска криза, јави Гласот на Америка
Повеќе од еден милион Американци прогласиле личен банкрот, како последица на острата економско-финансиска криза, јави Гласот на Америка.
Според американските закони, банкротството значи одземање и распродавање на личниот имот, освен најнужните работи, со цел да се подмират дел од насобраните долгови.
Но, од друга страна, банкротството значи и отпис на преостанатите долгови, со цел на должникот да му се даде нова можност да застане на нозе.
Бројот на приватни лица кои на територијата на САД оваа година побарале да им се прогласи банкрот е за 37 отсто поголем во однос на лани.
Банкротството во САД има долга историја и ја има една од клучните улога за американскиот економски систем, кој се заснова на либерален модел на стопанисување.
Главна причина за банкрот се насобраните долгови, по што следат разводот на брачните парови и губењето на работното место. Зачестениот број на банкроти во последната година се должи на кризата на пазарот на недвижности. /крај/б92/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Премиерката на Бангладеш: Сопствениците на фабрики да се откажат од луксузот заради вработените
Премиерката на Бангладеш Шеиха Хасина за време на своето обраќање по повод празникот Први мај ги повика сопствениците на текстилните фабрики и другите фабрики од Бангладеш да ги подобрат условите за работа на своите вработени со тоа што ќе се откажат од дел од својот луксуз.
„Сакам сопствениците (фабриките) да посветат посебно внимание на работниците, намалувајќи го малку нивниот луксуз, бидејќи работниците ви дадоа простор да водите луксузен живот со зголемување на производството со нивната напорна работа“, рече Хасина.
Таа, исто така, ги предупреди работниците да ги игнорираат повиците за штрајк бидејќи „на тој начин работниците понекогаш всушност си нанесуваат штета себеси, на своите семејства, на земјата и на сопствениците на фабриките“, пренесува агенцијата БСС.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.