Свет
Амнести интернешнел за педофилијата во Ватикан

Ватикан не ги исполнил своите меѓународни обврски во однос на заштитата на децата во врска со свештеничкото сексуално злоставувања на малолетници, оцени во петокот во својот годишен извештај Amnesty International
„Светата столица недоволно ги почитуваше своите меѓународни обврски за заштита на децата“, се наведува меѓу другото во извештајот. Притоа се споменува дека се’ поголем е бројот докази дека католичките свештеници сексуално ги злоставувале децата во последните децении, како и „упорната неспособноста на Католичката црква на адекватен начин да се постави кон ова злосторство“.Папата Бенедикт Шеснаесетти призна дека имало злоставување и при неговите посети на земјите како што се Ирска, Малта и Обединетото кралство изрази жалење, забележува во својот годишен извештај Amnesty International. Ватикан инаку го заостри канонскиот закон околу оваа тема, но како што забележува организацијата за заштита на човековите права со седиште во Лондон – „тој не содржи обврска за црковните власти да ги известат цивилните власти за прогон прогонот. Тајноста е обврзувачка во таа постапка“.Педофилскиот скандал во редовите на католичкото свештенство кулминираше во 2010 година кога беа откриени повеќе случаи во Белгија, Германија и Ирска. Неколку бискупи беа обвинети дека ги забошотиле скандалите за да ги заштитат свештениците педофили кои само ги преместувале. Во понеделник Ватикан ќе го издаде Циркуларното писмо за сите бискупи во светот со насоки кои ќе треба да следат во случаи на педофилија во редовите на црквата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Зеленски не може да се согласи на примирје додека ракети паѓаат врз Киев

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не може да се согласи на прекин на огнот додека Русија продолжува со нападите врз Киев. Зборувајќи за време на посетата на Мадагаскар, Макрон нагласи дека мирот не може да се постигне додека Русија го гранатира украинскиот главен град.
Оваа изјава доаѓа откако Русија го изврши својот најтежок напад врз Киев оваа година, користејќи 145 дронови и 70 ракети, при што загинаа најмалку осум лица, а повеќе од 70 беа повредени. Нападите предизвикаа пожари и уривање згради во пет градски квартови, а спасувачките екипи сè уште бараат преживеани под урнатините.
Изјавата на Макрон дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за одбивањето да ја прифати руската контрола врз Крим за време на мировните преговори. Трамп, исто така, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз Киев, наведувајќи дека „5.000 војници умираат неделно“ и дека е време да се постигне мировен договор.
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Украина е подготвена за мировни преговори со Русија, но само откако ќе се воспостави прекин на огнот и ќе престанат нападите врз цивилни цели. Зеленски, исто така, нагласи дека Украина нема да ја признае руската анексија на Крим, бидејќи тоа би било спротивно на украинскиот устав.
Свет
Трамп за жестокиот напад на Киев: Владимире, престани!

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги осуди најновите руски напади врз Киев на платформата Truth Social и го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги запре.
„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Тие не се потребни и доаѓаат во многу лошо време. Владимире, престани! 5.000 војници умираат неделно. Ајде да го завршиме мировниот договор!“, напиша Трамп.
Реакцијата доаѓа откако руските сили го извршија најтешкиот напад врз главниот град на Украина од летото минатата година. Киев синоќа беше цел на комбинирани напади со беспилотни летала и проектили, при што загинаа најмалку девет лица, а беа повредени повеќе од 70, меѓу кои шест деца. Нападите предизвикаа пожари и урнаа згради во пет градски кварта, а спасувачките тимови сè уште трагаат по преживеани под урнатините.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прекина официјалната посета на Јужна Африка и најави враќање во својата татковина. За време на состанокот со јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса, Зеленски повтори дека Украина нема да се согласи на мировен договор кој вклучува територијални отстапки, вклучувајќи го и Крим.
Свет
Истанбул погоден од 300 последователни потреси, сеизмолозите очекуваат уште еден силен земјотрес

Серија земјотреси го погодија Истанбул и денеска, а турската агенција за катастрофи АФАД извести за речиси 300 последователни потреси, од кои еден бил со јачина од 4,6 степени.
Од вчерашниот силен земјотрес, кој беше со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, АФАД забележа уште стотици земјотреси по должината на тектонските раседи во Мраморното Море.
Министерот за здравство Кемал Мемишоглу изјави дека 236 лица се повредени, од кои 173 во Истанбул. Петнаесет од нив морало да бидат хоспитализирани, а некои се повредени панично скокајќи од зградите.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека нема извештаи за урнати згради. Министерот за урбан развој Мурат Курум објави дека 12 згради се евакуирани како мерка на претпазливост.
Сеизмолозите и геолозите цитирани во турските медиуми, генерално, се согласуваат дека сè уште се очекува голем земјотрес. Иако не е познато кога би можело да се случи, експертите предвидуваат дека би можел да достигне магнитуда 7,4, а некои дури проценуваат и потенцијална магнитуда од 7,7.
Турција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните региони во светот.
Локалните медиуми објавуваат дека жителите ја поминале ноќта во паркови и на отворени простори поставувајќи шатори наместо да се вратат во своите домови. АФАД ги повика луѓето да избегнуваат потенцијално небезбедни згради предупредувајќи дека последователните потреси би можеле да траат некое време.