Македонија
ВМРО – ДПМНЕ: А1 е политичка партија во коалиција со СДСМ
Ниска, вулгарна и безобразна пропаганда, А1 мора да да си ја одработи улогата која ја има добиено од Бранко Црвеновски.
Ниска, вулгарна и безобразна пропаганда, А1 мора да да си ја одработи улогата која ја има добиено од Бранко Црвеновски.
Владејачката ВМРО – ДПМНЕ, новинарите на А1 телевизија ги нарече партиски активисти, активисти кои се борат да го вратат Црвеновски на власт, по прилогот на А1 телевизија за притисоците од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз државната администрација.
„А1 монтираше случај од кои ние сме згрозени. А1, како коалиционен партнер на СДСМ со ниска вулгарна и безобразна кампања, сака политички да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа А1 сама себе се прогласи за партиско политички мегафон на СДСМ и Бранко Црвенковски“ изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.
Бичиклиски новинарите на А1 ги нарече инструмент во рацете на Бранко Црвенковски.
„Ниту еден фалсификат и ниту една монтажа не може да скрие дека А1 е партиски мегафон, за жал, дека постојат жестоки внатрепартиски кавги и несогласувања внатре во СДСМ, заради листите креирани врз база на фамилијарни и бизнис релации, дека двајца уредници новинари на А1 се кандидати за пратеници на листата на СДСМ, дека СДСМ нема ниту идеи, ниту проекти како да им помогне на граѓаните. И конечно со ништо не може да се покрие слабиот рејтинг и доверба на СДСМ и на двоецот Црвенковски-Шеќеринска“ вели Бичиклиски.
А1 телевизија вчера објави прилог за притисоците на ВМРО – ДПМНЕ врз вработени во државната админитрацијата, на кои им била дадена задача да направат списоци од најмалку 15 лица со телефонски броеви и адреса на живеење кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

