Македонија
Производител на топлинска и електрична енергија увезол природен гас без да плати 5,5 млн ден увозни давачки
Трговско друштво од Скопје, носител на лиценца за производство на топлинска и електрична енергија избегнала плаќање на царински давачки во вкупен износ од околу 5,5 милиони денари, открила Царинската управа.
При контрола на работењето на трговското друштво кое се занимава со производство на топлинска и електрична енергија за првото полугодие од 2013 година, царинските инспектори утврдиле дека трговското друштво увезло природен гас (метан) во количина од 1.264.102 нм3 (нормални метри кубни), односно 42.923 ТЈ (тера џули) без воопшто да поднесе царински декларации за увоз. Измамата е откриена со проверка на фактурите, актите за примопредавање на испорачан гас и извештаите за квалитет на гас на испорачателот на природен гас.
Вредноста на увезениот гас е околу 530 илјади американски долари, а со неподнесување на царински декларации за споменатата увезена количина, трговското друштво избегнало плаќање на царински увозни давачки во висина од 5,5 милиони денари (околу 90 илјади евра).
Моментот на настанување на царинскиот долг според кој е извршена пресметката на давачки е пресметан врз основа на Актот за примопредавање на природен гас во нм3/ден на месечно ниво за сите шест месеци, кое е утврдено со мерење и пресметка на предавателната станица, а по склучени Договори за пренос на гас за секој месец одделно по денови, потпишан од трите инволвирани страни: продавачот, извршителот на пренос и примачот на гасот, потоа извештајот за квалитет на гас, согласно кој е утврдена и вредноста на гасот, врз основа на кои се издадени фактури со податоци за испорачаните количини на природен гас преку преносниот систем на испорачателот од Скопје.
Со неподнесувањето на увозни царински декларации, увозникот на природен гас бесправно отстранил стока од царински надзор која подлежи на увозни давачки, со што согласно Царинскиот закон настанал царински долг од 5,5 милиони денари, долг кој трговското друштво со Решение на Царинската управа е задолжено да го плати.
Против трговското друштво Царинската управа ќе поднесе и соодветна пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.