Контакт

Македонија

НБРМ го усвои Годишниот извештај за 2014.

Објавено пред

Советот на Народната банка на Република Македонија на седницата што се одржа во четвртокот во Скопје го усвои Годишниот извештај за 2014 година.

dobivaj vesti na viber

 

 

Во услови на посткризно заздравување на светската економија, монетарната политика, како и во претходните години, се водеше во согласност со остварувањето на основната цел, одржување на ценовната стабилност, која се спроведува преку стабилниот курс на денарот во однос на еврото.

 

Во текот на 2014 година инфлацијата бележеше тренд на забавување и во просек се сведе на -0,3% годишно, поради намалувањето на цените на горивата и храната.

Истовремено, базичната инфлација, којашто ги исклучува енергијата и храната, во просек изнесуваше 0,5%.

 

Во текот на 2014 година девизниот пазар беше во рамнотежа, при релативно мал износ на интервенции на нето-основа. Нивото на девизните резерви и показателите за нивната адекватност во текот годината се одржуваа на солидно ниво, а основната каматна стапка остана непроменета.

 

Наспроти кревкото закрепнување на странската ефективна побарувачка, во 2014 година македонската економија оствари солидно забрзување на реалниот раст на БДП од 3,8%.

 

Растот главно беше поттикнат од домашни двигатели, пред сè од инвестициите и од извозот, при што во рамки на инвестициите се истакнуваат јавните инвестиции, особено тие во инфраструктурата, како и странските директни инвестиции.

 

Новите компании со странски капитал во технолошко-индустриските развојни зони доведоа до надминување на очекувањата во однос на зголемениот извоз и на намалениот трговски дефицит. Во 2014 година, значајни за одбележување беа и натамошниот постепен пад на стапката на невработеност, како и растот на продуктивноста на трудот, се вели во извештајот.

 

На денешната седница Советот на Народната банка го донесе и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2014 година.

 

Севкупната стабилност на македонскиот банкарски систем зајакна и во 2014 година, во услови на речиси двоцифрен годишен раст на кредитите на нефинансиските лица. Засилената кредитна активност беше особено евидентна во сегментот на корпоративните клиенти, каде што годишниот кредитен раст од 8,6% е повисок за 50% во споредба со растот забележан во 2013 година. Кредитниот раст за домаќинствата забрзува веќе две последователни години. Депозитите на нефинансиските лица забележаа двоцифрена стапка на раст од 10,7%. Денаризацијата на билансите на банките продолжи и беше посилно изразена на страната на пасивата.

 

Во 2014 продолжи растот на нето каматната маргина, главно поради поизразеното опаѓање на пасивните, во споредба со активните каматни стапки. Намалувањето на оперативните трошоци на банките упатува на поголема трошочна ефикасност.

Учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити достигна 11,3%. Ликвидносната позиција на банките е еден од основните столбови на севкупната стабилност на банкарскиот систем, додека солвентната позиција и двојно повисоката стапка на адекватност на капиталот во споредба со пропишаниот минимум се во темелот на отпорноста на банкарскиот систем во Република Македонија, се вели во соопштението на НБРМ.  

 

Главниот предизвик за банките во наредниот период се однесува на одржувањето оптимална кредитна поддршка за нефинансискиот сектор и  истовремено намалување на оштетувањата на кредитниот канал, што би имало повратни ефекти врз профитабилноста, капиталната стабилност и ликвидноста на банките.

 

На денешната седница беше донесена и нова Одлука за кредитот во крајна инстанца. Соодветно на искуствата на централните банки од евро-зоната, во новата одлука, покрај постојните можности за одобрување кредит во крајна инстанца на банките со залог на должнички хартии од вредност, девизи и побарувања на банките од Народната банка, се воведува можноста за одобрување на овој кредит и со залог на побарувањата на банките од клиенти. Се предвидува овој модалитет на кредитот во крајна инстанца да се активира доколку банката не располага со должнички хартии од вредност и девизи. Во Одлуката се прецизираат и видовите побарувања, кои се прифатливи за Народната банка, како обезбедување за кредитот во крајна инстанца, се истакнува во соопштението./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од 1 декември поскапува парното: сметките повисоки за околу 130 денари

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека од 1 декември цената на топлинската енергија ќе се зголеми за дел од потрошувачите.

dobivaj vesti na viber

Според одлуката, за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем – ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство – цената се зголемува во просек за 5,9%. За потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е во просек 7,6%, а за корисниците на Скопје Север – Енерџи Еко Линк во просек 7,7%.

„Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за 130 денари – од 2.200 денари на 2.330 денари“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој нагласи дека во следниот период е потребно долгорочно стратешко планирање и сериозна санација и модернизација на топловодната мрежа. Според него, овие инвестиции ќе ги намалат дефектите, ќе го подобрат квалитетот на снабдување и ќе овозможат проширување на мрежата, што би довело до зголемување на конзумот.

Бислимоски повтори дека греењето на парно и понатаму е најекономично, додавајќи дека анализите покажуваат дека доколку сите исклучени потрошувачи се вратат на системот, сметките би се намалиле за околу 10%.

Вкупно 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Прикажи повеќе...

Економија

Завршниот настан „ЕУ за економски раст“ ги претстави успесите и долгорочната одржливост на програмата

Објавено пред

ЕУ-финансираната програма ЕУ за Економски Раст (EU4EG) вчера го одбележа своето официјално затворање со саем на претпријатија кој обедини повеќе од педесет микро, мали и средни претпријатија, стартапи, акцелератори, креатори на политики и партнери.

dobivaj vesti na viber

Од своето започнување, EU4EG поддржа над сто мали и средни претпријатија, стартапи од Полошкиот, Североисточниот, Југозападниот регион како и Ресен, овозможувајќи им поддршка да ги подобрат своите процеси, да освојат нови пазари и да усвојат позелени и подигитализирани практики.

Клучните резултати вклучуваат: 37 новоформирани компании. 265 нови работни места, многу од нив во економски ранливи региони. Просечно зголемување на перформансите од 30% кај поддржаните компании – значително над целната вредност од 10%. 129 нови производи и услуги, кои ја покажуваат силната иновативна енергија на домашниот приватен сектор. 51 нов развиен сервис од бизнис-поддржувачките организации, од кои 18 напредни услуги. 5 акцелератори што успешно спроведоа програми за развој на бизниси. Намалување на времето за развој на бизнис од 8 на 5 месеци преку структуирана поддршка. Над 5,5 милиони евра грантови доделени на МСП, стартапи и услуги за претпријатијата.

„Резултатите што денес ги видовме покажуваат што се случува кога амбицијата ќе добие вистинска поддршка: нови компании, нови одржливи работни места и силен локален развој. Веруваме во потенцијалот на Северна Македонија. Европската унија останува сигурен партнер во градењето модерна, конкурентна и зелена економија што создава еднакви можности за сите. Како што државата чекори напред, ќе продолжиме да инвестираме таму каде што е најпотребно: во луѓето, во идеите и во регионите што го движат овој напредок.“ – амбасадорот на ЕУ, Михаелис Рокас.

Овие резултати ја потврдуваат посветеноста кон практични, мерливи и долгорочни ефекти за приватниот сектор, поддржувајќи компании во производството, земјоделството, рециклирањето, ИКТ-секторот, прехранбената индустрија, синиот и циркуларниот економски модел.

„И во иднина, како Министерство за економија и труд, продолжуваме со поддршката за развој на акцелератори, поддршката за младите иноватори, вклучувањето на локалните заедници и создавањето економски силни региони, а не само силни центри. Европската унија и Сојузна Република Германија со овој проект дадоа јасен пример како една стратегија може да создаде реални и одржливи резултати. Наша задача е да обезбедиме институционален континуитет за оваа инфраструктура да продолжи да живее и по завршувањето на проектот,“ изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Изложбата беше доказ за влијанието на EU4EG, претставувајќи компании што ја подобриле ефикасноста, навлегле на нови пазари, го намалиле еколошкиот отпечаток и ги прошириле можностите за вработување.

„Гледајќи ја економската состојба и можностите во Северна Македонија во 2021 година, германската влада му довери на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и АРЕА научниот парк од Трст, Италија да го имплементираат овој проект за економски

раст, со поддршка и од ЕУ и од Германија. Денес ги сведочиме резултатите, но германската поддршка не завршува тука. Најново, Германија даде мандат за изработка на студија за макроекономската состојба во Северна Македонија и побара експертски препораки за тоа како дополнително да се подобри климата за странски инвестиции. Германија останува ангажирана во регионот, и во Северна Македонија, со желба да види силни демократии и економска благосостојба.“ – Јан-Аксел Вос, заменик амбасадор, Германска амбасада.

Програмата зад себе остава зајакнати институции, поагилен претприемачки екосистем и мрежа на акцелератори и поддржувачки организации што веќе обезбедуваат одржливи услуги и по завршувањето на проектот.

„Како партнер за имплементација на активностите, нашата улога беше да ги преточиме европските приоритети во практични решенија за бизнисите преку техничка и финансиска поддршка — од дигитализација и циркуларна економија, до зајакнување на вредносните синџири и пристапот до пазари. Горди сме на многуте мали и средни претпријатија како и стартапи кои преку оваа поддршка успеаја да иновираат, инвестираат и растат. Тие резултати покажуваат што е возможно кога меѓународната соработка се спојува со силна локална посветеност. GIZ останува целосно посветен на продолжување на ова партнерство и на креирање поконкурентна економија која создава можности за луѓето низ целата земја.“ – Марк Барет, програмски координатор, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Настанот ги истакна резултатите од повеќегодишната соработка меѓу Европската Унија, Владата на Германија и Северна Македонија, имплементирана од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и АРЕА научниот парк од Трст, Италија, со цел зајакнување на конкурентноста, отпорноста и иновативниот капацитет на приватниот сектор.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија и Словачка имаат потенцијал за поголема соработка во енергетиката

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, во насока на унапредување на политичките односи и отворање нови можности за соработка меѓу двете држави.

dobivaj vesti na viber

Разговорите беа со фокус на можностите што постојат во енергетскиот сектор, трансформацијата на енергетските системи и користењето на словачките искуства во зелените технологии и регионалното енергетско планирање. Соговорничките разменија ставови за тековните процеси, регионалната динамика и патеките за понатамошно институционално приближување.

„Нашиот фокус е стабилен енергетски систем, модерен пристап кон реформите и партнерства што ја носат земјата напред. Словачка е важен пријател и соговорник во тие процеси, а двете земји имаат сериозен простор за повисоко ниво на соработка,“ истакна министерката Божиновска.

Амбасадорката Хрицова ја поздрави динамиката на реформите и ја нагласи подготвеноста за продолжување на комуникацијата и продлабочување на соработката во различни области поврзани со енергетската транзиција, модернизацијата и дигиталниот развој.

Во рамки на разговорот беше спомнато дека на почетокот на идната година е предвидена посета на мешовита владина делегација, на која разговорите меѓу Северна Македонија и Словачка ќе продолжат на владинo и институционално ниво, вклучително и темите од енергетиката и инвестициите. Министерката Божиновска ќе биде дел од мешовита владина делегација, што ќе ја пречека висока државна делегација од Словачка. Средбата ќе биде посветена и на разговори за енергетска соработка.

Министерството ја оценува денешната средба како уште еден чекор во градењето стабилно и современо партнерство меѓу двете држави – партнерство што се темели на европските вредности, заемната доверба и заедничките интереси на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија43 минути

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на „Стража“ на автопатот Гостивар–Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8 на релацијата Скопје –...

Македонија54 минути

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет2 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање на поагресивен став како одговор на руските кибер напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави...

Свет2 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет2 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет3 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија21 час

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија22 часа

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...

Европа3 дена

Главниот советник на Зеленски поднесе оставка

Андриј Јермак, моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка. Оставката дојде откако агенти од Националното биро...

Свет3 дена

Трамп му ги предава окупираните украински територии на Путин, пишува Телеграф

САД наводно се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим и другите окупирани украински територии со цел да се...