Контакт

Свет

Ердоган и' порача на ЕУ да не ја влече Турција за нос

Објавено пред

Турскиот премеир Ердоган во среда ја повика Европската Унија да го реши прашањето за турското членство во оваа регионална органзиација

dobivaj vesti na viber

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и неговите претходници, постојано повторува дека приклучувањето на Европската Унија е стратешка цел на Анкара. Преговорите за пристапување на Турција кон ЕУ како полноправна членка започнаа во октомври 2005 г. Лидерите на неколку земји на ЕУ, особено, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Николас Саркози во неколку наврати се спротивставија на приемот на Турција во Унијата, им го понудил на статусот на привилегиран партнер. Во Анкара, како одговор на ваквите изјави велат дека го отфрлаат модлеот привилегирано партнерство како алтернатива за интеграцијата во ЕУ.„Ако не ја сакаат Турција, тоа нека го  кажат отворено, не да не’ влечете за носот“, изјави турскиот премиер Ердоган во Истанбул на меѓународен бизнис форум во среда, што беше во живо пренесувано на труската национална телевизија.Турскиот премиер, исто така, рече дека ЕУ е во потрага по изговор за да го комплицира процесот на интеграција на Анкара.„Европската Унија не го откажува приемот, но ги прави сите изговори и формулации“, додаде Ердогана.Министерот  Егемен Багјаш, кој е задолжен во турската влада за европската интеграција, коментирајќи ги резултатите од петгодишниот процес на преговори со ЕУ, изјави дека на „европски пријатели им порачувам дека е крајно време да се финализира ова прашање за Турција во ЕУ.“Преговорите меѓу Турција и ЕУ почнаа на 5-ти октомври 2005 г., по 33 поглавја од прашалникот, кои досега се намалија за 13 позиции, а преговорите се блокирани по 17 кои се блокирани од политички причини, особено поради ставот на Турција по Кипарското прашање, рече Багјаш.Долготрајниот проблем со Кипар е еден од камењата на сопнување во процесот на преговорите меѓу Турција и ЕУ. Анкара во неколку наврати соопшти дека нема да ги отвори своите пристаништа за Кипар додека не се симне меѓународната изолација на самопрогласената Турска Република Северен Кипар (ТРСК). Турција, исто така, одбива на поделениот остров да ја признае Република Кипар, која, пак, е членка на Европската Унија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Американската војска целосно се повлече од Ирак

Објавено пред

Од

Ирачката влада вчера објави дека американските сили завршиле со „целосно повлекување“ од воените инсталации на федералната територија на земјата, што не го вклучува полуавтономниот регион Курдистан, каде што сè уште се наоѓаат американските сили, пишува CNN.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението на ирачкото Министерство за одбрана, последниот контингент американски советници ја напуштил воздухопловната база Ал-Асад во покраината Анбар во западен Ирак, која е домаќин на американските сили повеќе од две децении. Во соопштението се додава дека коалицијата за борба против групата Исламска држава, предводена од САД, се повлече од седиштето на Заедничката оперативна команда, оставајќи ги објектите под целосна контрола на ирачките безбедносни сили.

Сепак, американските сили сè уште се присутни во воздухопловната база Харир во покраината Ербил, која се наоѓа во регионот Курдистан. Централната ирачка влада нема целосна контрола врз курдскиот регион во северен Ирак, бидејќи тој е автономен федерален ентитет со сопствена влада, парламент и безбедносни сили, како што е признато од ирачкиот устав.

Намалувањето на бројот на американски војници трае веќе неколку години, откако ирачката влада го побара тоа во 2023 година. Военото присуство на САД во Ирак значително се промени од инвазијата во 2003 година, а на својот врв САД имаа 170.000 војници во Ирак.

Поранешниот претседател Барак Обама ги повлече американските сили од земјата во 2011 година, но околу 5.000 војници беа прераспоредени во Ирак во 2014 година на барање на ирачката влада за да помогнат во борбата против ИСИС. Од декември 2021 година, кога американската војска објави крај на својата борбена улога во земјата, САД имаа околу 2.500 војници во Ирак во советодавна и поддржувачка улога.

Повлекувањето доаѓа во услови на регионални тензии меѓу САД и Иран, додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали да го нападне Иран во услови на смртоносни улични протести против авторитарниот режим во земјата. Американските сили стационирани во базата Ал-Асад беа цел на десетици напади од страна на Иран и групи поддржани од Техеран во текот на годините.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од Гренланд, велејќи: „Сега е време и тоа ќе се направи!“

dobivaj vesti na viber

„НАТО ѝ кажува на Данска веќе 20 години дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не успеа да направи ништо во врска со тоа“, напиша Трамп во објава на Truth Social.

Белата куќа, данското претседателство со Европската унија и данското Министерство за надворешни работи не одговорија веднаш на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Трамп постојано инсистира дека нема да прифати ништо помалку од сопственост на Гренланд, автономна територија на Данска. Лидерите на Данска и Гренланд инсистираат дека островот не е на продажба и не сака да биде дел од Соединетите Американски Држави.

Во саботата, Трамп се закани со бран зголемување на царините за европските сојузници сè додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд.

Растечкото присуство на Кина и Русија го прави Гренланд од витално значење за безбедносните интереси на САД, тврди Трамп. Данските и други европски претставници истакнаа дека Гренланд веќе е вклучен во колективниот безбедносен сојуз на НАТО.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Објавено пред

Од

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила вчера околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага-Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамуз. Вагоните преминале на соседната пруга, на која во тој момент минувал возот Ренфе од Мадрид до Хуелва во спротивна насока, со брзина од околу 200 км/ч, што, исто така, предизвикало и негово излевање од шините.

Возот Ирјо бил произведен во 2022 година, и последен пат бил проверен на 15 јануари. Несреќата се случила на рамен дел од пругата, што го потврди и министерот за транспорт Оскар Пуенте.

Спасувачките операции за жртвите од железничката несреќа сè уште се во тек.

 

 

фото/епа

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет1 час

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ1 час

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет1 час

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија2 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија15 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет17 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија18 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија20 часа

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ21 час

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија21 час

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија1 ден

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет1 ден

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија2 дена

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија2 дена

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ2 дена

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија2 дена

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет2 дена

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...