Свет
Три лица убиени во судирите на саудиските сили и исламистите
Најмалку три лица се убиени во судирите меѓу силите за безбедност на Саудиска Арабија и исламистите што избувнаа вчера, а продолжија и денеска во градот Ал Рас, северно од Ријад, јавува денеска арапската телевизија.
Најмалку три лица се убиени во судирите меѓу силите за безбедност на Саудиска Арабија и исламистите што избувнаа вчера, а продолжија и денеска во градот Ал Рас, северно од Ријад, јавува денеска арапската телевизија. Според последните информации на медиумите, бројот на жртвите меѓу владините сили и исламистите се искачил на осум лица. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон
22-годишен маж е уапсен откако во пукање пред два дена во западен Лондон тешко биле повредени осумгодишно девојче и маж. Според првичните информации, младиот човек пукал во автомобилот во кој се наоѓало семејството.
Тешко повредената девојка е оперирана и моментално е во тешка, но стабилна состојба. Во тешка, но стабилна состојба е и 34-годишен маж. 32-годишна жена е пренесена во болница, но не е повредена, додека двегодишно дете е неповредено, пренесува Sky News.
Полицијата уапси 22-годишен маж под сомнение за обид за убиство и ги повика граѓаните да помогнат во истрагата со давање дополнителни информации, пишува Индипендент.
Сведокот на настанот рече дека жртвите седеле во автомобилот кога мажот наводно „пукал директно во возилото“.
Свет
(Видео) Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот
Најмалку пет лица загинаа кога мал авион се урна во близина на Сан Хозе, главниот град на Костарика.
Според извештаите на американските медиуми, официјални лица од Управата за цивилно воздухопловство на Костарика соопштиле дека авионот „Цесна 206“, кој полетал од регионот Тортугуеро кон Сан Хозе, се урнал во близина на планината Пико Бланко.
❗️🛬🇨🇷 – A small plane with six passengers on board crashed near San José, the capital of Costa Rica, on Monday.
The aircraft, a Cessna 206 Stationair, which departed from Tortuguero, collided near Mount Pico Blanco at noon.
Authorities found the wreckage but have not yet… pic.twitter.com/GxtzAL0uMV
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) November 26, 2024
Црвениот крст на Костарика соопшти дека пет лица загинале од авионот во кој имало шест лица.
Шестото лице, идентификувано како 31-годишна жена, е во критична состојба.
Свет
Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“
Русија упати предупредување до Јужна Кореја поради можноста за испраќање оружје во Украина, а заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко го повика Сеул „трезвено да ја процени ситуацијата и да се воздржи од непромислени чекори“.
Според „Фајненшл тајмс“, јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол размислува да испрати оружје во Украина како одговор на испраќањето севернокорејски војници во Русија. Јужна Кореја уште во октомври предупреди дека ќе го разгледа потегот за притисок врз Русија да не ги обврзува севернокорејските трупи во нејзината војна против Украина – што Русија го направи.
Извештаите од САД, Јужна Кореја и Украина покажуваат дека повеќе од 10.000 севернокорејски војници биле испратени во Русија во октомври, а некои сега активно се вклучени во борбени операции на првата линија.
„Сеул мора да разбере дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје за убивање руски граѓани целосно би ги уништила односите меѓу нашите земји. Се разбира, ние ќе одговориме на сите начини што сметаме дека е неопходно. Малку е веројатно дека тоа ќе ја зајакне безбедноста на самата Република Кореја“, рече Руденко.
„Се надевам дека администрацијата на Република Кореја првенствено ќе се води од долгорочните национални интереси, а не од краткорочните опортунистички размислувања наметнати однадвор“, додаде тој.