Свет
Во пукање во фабрика во Њу Мексико шест загинати
Шест лица загинале а четири се ранети во пукотница во кругот на едно претпријатие во сојузната држава Њу Мексик, пренесуваат американските меидуми, но Аssociated Press ја уточнува бројката на три загинати и осум ранети лица
Според агенцијата, престрелката се случила во понеделник во кругот на претпријатие за производство на оптички кабел Emcore Corp. во градот Олбукерк во Њу Мексико.Како што изјавил началникот на градската полиција Реј Шулц, осомничен за нападот е поранешен вработен во фабриката, кој најверојатно и самиот си го одел животот. Засега полицијата не објавува други поединости за инцидентот, пренесува агенцијата.Очевидци за Associated Press рекле дека слушнале истрели и во друг крај од фабриката, но полицијата изразила сомневање дека имало и втор напаѓач.Reuters пренесува дека не е позната брјката работници во моментот на нападот но дека фабриката работат околу 700 работници. Извори од локалната болница рекле дека биле хоспитализирани шест лица, од кои едното починало на пат за болницата а второто починало од здобиените рани и покрај укажаната помош.Според телевизиската станца Fox40, станува збор за 37-годишен поранешен вработен во фирмата, чија поранешна партнерка работела во истата фабрика, но не се знае дали девојката или сопругата на напаѓачот е меѓу убиените или ранетите.Локален шериф изјавил дека 85 работници кои во моментот на нападот се наоѓале во делот од кругот каде бил извршен тој, биле преземени од детективи ко ивршат разговори со нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.
Свет
Густиот смог и загадувањето предизвикаа сообраќаен хаос во Њу Делхи
Густиот смог и исклучително лошиот квалитет на воздухот предизвикаа сообраќаен хаос во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Видливоста во повеќе делови од градот беше намалена на нула во раните утрински часови, што предизвика застој во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
Според извештаите, повеќе од 150 лета биле одложени, а десетици возови доцнеле поради лошите временски услови.
Ова е чест проблем во северна Индија во текот на зимата кога ниските температури помеѓу декември и јануари ги држат загадувачите блиску до земјата намалувајќи ја видливоста и го отежнуваат патувањето, а истовремено создаваат опасни услови за дишење.
Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во Делхи беше над 400 во неколку делови од градот, според државната веб-страница „Сафар“, што е повеќе од 25 пати над безбедносната граница пропишана од Светската здравствена организација (СЗО).
Властите во главниот град повторно воведоа мерки за контрола на загадувањето, вклучително и забрана за градежни работи и преминување на учење преку интернет.
Фотографиите и видеата од Делхи и околните градови покажуваат дебели слоеви магла што ги покрива патиштата, фармите и зградите.
Аеродромот во Делхи издаде предупредување до патниците за можни доцнења поради намалената видливост.
„Додека полетувањата и слетувањата на аеродромот во Делхи сè уште се во тек, летовите што не се во согласност со стандардите CAT III може да бидат погодени“, се вели во соопштението. CAT III е систем што им овозможува на авионите да слетаат во услови на намалена видливост.
Според веб-страницата за следење летови „Флајрадар 24“, полетувањата од аеродромот во Делхи доцнат повеќе од 20 минути.