Свет
Во Пекинг протести против урбанистички проект
Дваесетина кинески уметници протестирале во главниот град на Кина против урбанистичкиот проект за преуредување на уметничките квартови во североисточниот дел од градот
Протестантите во понеделникот без инциденти биле растерани од полицијата и пред да стигнат на плоштадот Тијанимен каде во 1989 г. кинеските власти крваво го задушија демократските протести на студентите, пренесе кинескиот весник на англиски јазик Global Times. Официјалната државнa агенција New China не споменува апсења, но весникот тврди дека е отворена истрага за напади на некои уметници.Агенцијата AFP, која се повикува на извори кои сакале да останат анонимни пренесува дека осум лица биле згрижени во болница и дека јапонскиот уметник Сатоши Иварна добил повреди на главата за што известило и Кинеското здружение на бранителите на човековите права. Протестантите со транспаренти повикувале на проширување на човековите права и се спротиставиле на „бруталното уривање на Пекинг“. Според кинеската влада, експропријацијата што ја спроведуваат корумпираните локални власти во спрега со градежниот сектор и трговците со недвижнини е главниот извор на незадоволство во општеството.„Североисточниот кварт целосно исчезнува заради генералниот урбанистички план. Владата од селаните за мали пари ја откупува земјата и ја препродава на претприемачите со недвижнини“, изјавил еден од демонстрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

