Македонија
Просечната плата во април се искачи на 20.167 денари
Просечната плата во Македонија во април годинава изнесувала 20.167 денари (околу 328 евра), соопшти денеска Заводот за статистика
Просечната плата во Македонија во април годинава изнесувала 20.167 денари (околу 328 евра), соопшти денеска Заводот за статистика.
Априлската плата е за 29,2 насто поголема во однос на истиот месец лани, а во споредба со претходниот месец е зголемена за 2,1 процент.
Во април годинава најмногу се зголемиле платите во секторите Здравство и социјална работа (46,7%), Јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита (39%) и Снабдување со електрична енергија гас и вода (38,9%).
Најголем пораст на платите во април во однос на март е забележано со секторите Финансиско посредување (13,6%), Рударство и вадење камен (10,2%) и Сообраќај, складирање и врски (2,9%).
Во април годинава 3,9 насто од вработените не зеле плата.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2009 изнесува 30 139 денари, се наведува во соопштението на заводот за статистика и се напоменува дека од при споредувањето на платите на годишно ниво треба да се земе предвид фактот дека со примената на концептот-бруто плата настанаа структурни промени во податоците за нето-плата со вклучување на надоместоците за храна и превоз во платите./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

