Свет
Повеќе од 500 семејства евакуирани од близината на вулкан на Филипини
Повеќе од 500 семејства се евакуирани во неделата од планината Булусан во северниот дел од Филипини, провинцијата Сорсогон, по експлозијата на вулканот кој следи по серијата од 24 земјотреси во последните 24 часа, пренесува Reuters
Директорот на регионалниот центар за цивилна заштита Рафи Алехандро соопштил дека евакуираните семејства се од околината на најзагрозените градови Иросин и Џубан, кои се сместени во прифатни центри. Алехандро додал дека при евакуацијата спроведувана на територијата од шест километри оддалеченост од вулканот немало противење од страна на локалното население, бидејќи таа била преземена откако била издадена наредба десет минути по експлозиите на вулканот кои се случиле утринава околу 7.30 часот. Тој додал дека повеќе луѓе чекаат наредба за евакуација и од подалечните краеви, бидејќи оваа област е во опасност да ненадејно исфрлање пепел и отровни гасови од вукланските експлозии.Одделот на филипинската влада за социјална заштита и развој соопшти дека се евакуирани повеќе од десет илјади луѓе коишто живеат во опасната зона на вулканот. Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs), соопшти дека вулканот испушта пепел во височина од два километра, а од саботата до неделата се регистрирани најмалку 24 вулкански земјотреси, а само од 8 часот во неделата се регистрирани 12 вуклански земјотреси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото+видео) Мадона ги поддржа српските студенти
Американската пејачка и актерка Мадона на својот Инстаграм профил сподели видео на стори за студентските протести во Србија.
„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година во моментов се одржува во Србија“, се вели во објавата што ја сподели Мадона.
Заедно со снимките од дрон пишува дека студентите ги затвориле речиси сите универзитети, а во тек се 24-часовни блокади.
„Луѓето на улиците во Србија бараат системски промени и „помалку“ корупција во владата. Професорите и наставниците им се придружија на студентите во нивните протести и владата им се заканува дека ќе останат без работа. Ова е сериозен проблем. Треба оваа ситуација да стане вирална и да ги поддржиме студентите и народот во Србија. Ние стоиме со Србија“, стои во објавата што ја сподели Мадона.
Снимките од Србија се придружени со познатиот хит на Мадона „Like a Prayer“.
Свет
Трудо најави контрамерка: Канада ќе воведе царини од 25 отсто на стоки од САД
Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека земјата ќе воведе тарифи од 25 отсто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари (102,7 милијарди евра), како одговор на тарифите, исто така, од 25 отсто, наметнати од Соединетите држави САД воведоа царини за стоки од Канада.
Трудо на прес-конференција рече дека дел од царините за стоки од САД, во вредност од 30 милијарди канадски долари, ќе стапат на сила во вторник, а царините за сите други стоки увезени од таа земја ќе стапат на сила за 21 ден, пренесе Ројтерс.
Премиерот на Канада предупреди дека новите царини ќе им наштетат на Соединетите држави и ги повика Канаѓаните да купуваат канадски производи и да го поминат својот одмор во нивната земја, а не во САД, пренесува Танјуг.
Претседателот Доналд Трамп во саботата потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за сите стоки од Канада и Мексико почнувајќи од вторник, освен за енергетските производи од Канада, кои ќе подлежат на царина од 10 отсто.
Свет
Трамп нареди прв воздушен напад врз цели на ИСИС во Сомалија
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наредил воздушни напади врз цели на ИСИС во Сомалија.
Американската војска изврши координирани воздушни напади против оперативци на Исламска држава во Сомалија, први напади во оваа африканска земја за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп.
Секретарот за одбрана Пит Хегсет во саботата изјави дека нападите, извршени од командата на американската војска во Африка, биле директно нарачани од Трамп и координирани со сомалиската влада.
Првичната проценка на Пентагон покажа дека се убиени „повеќе“ оперативци. Пентагон соопшти дека проценува дека нема повредени цивили во нападите.
Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека висок командант на ИСИС, или главниот планер на нападот, и регрути биле цел на операцијата.
„Нападите ги уништија пештерите каде што живееја и убија многу терористи, без да им наштетат на цивилите на кој било начин. Нашата војска со години го гаѓаше мозокот на сите напади на ИСИС, но Бајден и неговите соработници не дејствуваа доволно брзо за да го направат тоа Ја направив работата!“ – рече Трамп и додаде „Пораката до Исламската држава и секој што би ги нападнал Американците е дека ќе ве најдеме и ќе ве убиеме“.
Трамп не го откри идентитетот на планерот на ИСИС, ниту потврди дали лицето загинало во нападот. Претставниците на Белата куќа не одговорија веднаш на барањата за коментар, пренесува Еуроњуз.