Контакт

Свет

Митал ја купи Ескада

Објавено пред

Богатото семејство на индискиот челичен магнат Лакшми Митал ја купи германската модна куќа Ескада, која во август годинава прогласи банкрот

dobivaj vesti na viber

Богатото семејство на индискиот челичен магнат Лакшми Митал ја купи германската модна куќа Ескада, која во август годинава прогласи банкрот.

Германските гласила јавија дека ќерката на индискиот индустријалец Мега Митал веќе го посетила седиштето на компанијата за луксузна женска облека во близината на Минхен.

Медиумите нагласуваат дека Мега Митал го наговорила својот татко да ја купи компанијата, на што се израдуваа вкупно 2.200 вработени.

Митал според договор ќе го преземе производството и дистрибуцијата на Ескада./крај/фо/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Објавено пред

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи, објави Би-би-си Њуз.

dobivaj vesti na viber

Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, ја посети болницата и ја нарече несреќата „трагичен момент за градот“. Португалската влада прогласи ден на национална жалост, а претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.

Полицијата и службите за итни случаи поминаа часови на местото на настанот, а започнати се неколку истраги за причината за несреќата. Истрагата ја водат компанијата што управува со жичницата, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалистичката полиција.

Компанијата за јавен превоз во Лисабон, „Карис“, објави дека се извршени сите редовни инспекции на жичницата – големи четиригодишни, привремени двегодишни, како и дневни, неделни и месечни проверки.

И покрај редовните проверки, изјавите на очевидци сугерираат дека системот за сопирање откажал, поради што жичницата се превртела по стрмна улица и се урнала во зграда.

Неколку луѓе биле заробени во урнатините и морале да бидат ослободени од спасувачите. Снимките што кружеле на социјалните мрежи покажале дека светло жолтата жичница е превртена и целосно уништена. Еден сведок изјавил за португалскиот весник „Обсервадор“ дека возилото било „надвор од контрола, без сопирачки“.

„Сите почнавме да трчаме затоа што мислевме дека ќе ја удри онаа подолу“, рече Тереза ​​д’Аво. „Но, излета од кривината и се урна во зграда.“ Друг сведок изјави за SIC TV дека жичницата се спуштила по стрмната улица „со полна брзина“. „Ја удрила зградата со брутална сила и се срушила како картонска кутија, немала сопирачки“, рече таа.

Жичницата „Глорија“ е едно од најпознатите обележја на Лисабон. Отворена е во 1885 година, а три децении подоцна е електрифицирана. Познатите жолти вагони се клучен дел од транспортот во ридестиот дел на Лисабон.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Воз удри во автомобил во Полска

Објавено пред

Полските државни железници (PKP) објавија драматично видео од несреќата во која воз удри автомобил на шините. Опасниот инцидент се случил откако возачот поминал низ спуштени рампи и застанал директно на шините на делницата помеѓу Граново и Стешев, објавува polsatnews.pl.

dobivaj vesti na viber

Според написите, сите служби за итни случаи – пожарникари, полиција и служби за итна медицинска помош, веднаш биле испратени на местото на настанот, а бил распореден и хеликоптер за спасување. Полицијата во Познањ потврди дека автомобилот го управувал 81-годишен маж.

Според извештајот, возачот поминал со возилото низ рампите кои веќе биле спуштени и се запрел на пругата. По судирот, тој бил однесен во болница и е во стабилна состојба.

Една недела по несреќата, Полските државни железници објавија видео од камера за надзор како дел од својата кампања „Безбедно преминување“. „Патничко возило заврши под возот на линијата Познањска главна станица – Волштин“, се вели во описот на објавеното видео.

Несреќата предизвикала прекин на железничкиот сообраќај на таа делница околу два часа, а за патниците бил организиран заменски автобуски превоз. PKP нагласи дека сите уреди на преминот работеле правилно.

„Секоја година, на железничко-патните премини се случуваат околу 170 несреќи, во кои загинуваат неколку десетици луѓе. Како дел од кампањата „Безбеден премин“, ја подигнуваме свеста за опасностите што произлегуваат од непреземање посебни мерки на претпазливост“, соопшти компанијата.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Санчез со критики до Западот: Европа применува двојни стандарди во Украина и Газа

Објавено пред

Европа и Западот покажуваат двојни стандарди во врска со војните во Украина и Газа, што може да го загрози нивниот глобален углед, предупреди шпанскиот премиер Педро Санчез, опишувајќи го одговорот на нападот на Израел врз палестинската територија како едно од најтемните поглавја во меѓународните односи во 21 век.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Гардијан, пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Лондон, Санчез, исто така, оцени дека Америка под водство на Доналд Трамп се обидува да го уништи повоениот, базиран на правила, глобален поредок што го создаде.

Тој ги бранеше придобивките од миграцијата и ги критикуваше традиционалните десничарски партии за поткопување на консензусот за климатската криза со копирање на политиките на нивните популистички ривали.

Санчез – првиот висок европски лидер што го обвини Израел за геноцид во Газа – рече дека е задоволен што другите европски земји ја следат Шпанија во признавањето на палестинската држава, но призна дека европскиот одговор бил слаб.

„Тоа е неуспех. Апсолутно. Реалноста е дека земјите во ЕУ се поделени кога станува збор за тоа како да влијаат врз Израел. Но, според мене, ова не е прифатливо и не можеме да траеме долго ако сакаме да го зголемиме кредибилитетот кога станува збор за други кризи, како онаа во Украина“, рече Санчез.

„Корените на овие војни се сосема различни, но светот гледа кон ЕУ и западното општество и прашува: „Зошто применувате двојни стандарди кога станува збор за Украина и кога станува збор за Газа?“

Санчез истакна дека се обидува да ја натера Европа да направи повеќе, вклучително и финансиски да го казни Израел.

„Она што го гледаме сега во Газа е можеби едно од најмрачните поглавја од меѓународните односи во 21 век. Шпанија беше многу гласна во рамките на ЕУ и меѓународната заедница. Во рамките на ЕУ, досега се залагавме за прекин на стратешкото партнерство на ЕУ со Израел“, рече тој.

Санчез, кој е во конфликт со Трамп поради одбивањето на Шпанија да издвои 5% од БДП за одбрана, нагласи дека Шпанија е „сигурен партнер“ во НАТО и дека сака да го зачува „најдобриот однос со САД“, без оглед на тоа кој е во Белата куќа.

„Со сето должно почитување, нашиот пристап кон САД е прагматичен. Во исто време, мислам дека имаме поинаква визија за тоа како да се соочиме со глобалните предизвици. Голема грешка е да се напушти Парискиот договор и да се намалат придонесите за помош за Светската здравствена организација. Нашето општество се соочува со глобални предизвици кои не познаваат граници и мора да ја зајакнеме соработката“, рече тој.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 минута

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...

Uncategorized34 минути

(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата...

Свет12 часа

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет14 часа

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија14 часа

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ14 часа

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија17 часа

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет17 часа

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија18 часа

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија20 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија21 час

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ22 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија22 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија22 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет23 часа

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа23 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет24 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Шји порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа1 ден

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа1 ден

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...