Македонија
Маневски во Истанбул се сретна со турскиот колега Ергин

Во рамки на Конференцијата на министрите за правда на државите-членки на Совет на Европа што се одржува во Истанбул, министерот за правда Михајло Маневски утрово се сретна со министерот за правда на Република Турција Садула Ергин
Како што информирата од Министерството за правда, на средбата меѓу двата минситра биле разменети мислења за тековните реформи во правосудниот систем кои двете земји ги преземаат вклучувајќи ги реформите и на затворскиот систем. Во разговорот на макеодноснкиот минситр Михајло Маневски и неговиот турски домаќин Садула Ергин било акцентирано продлабочувањето на билатералната соработка, како што ило нагласено, меѓу двете пријателски земји кои го чекорат истиот пат кон Европската Унија.Република Турција има високо развиен систем на информатичка технологија во правосудството. Во таа смисла министерот Маневски изразил надеж дека турски експерти од министерството за правда ќе ја посетат Македонија со цел да го анализираат македонското правосудство кое напредува во воведувањето на информатичката технологија, да ги утврдат областите во кои може да има подобрувања и да се организира студиски престој на експерти од Македонија во Турција со цел да се согледаат искуствата и областите кои може да користат како позитивни примери.Министерот Маневски притоа се заблагодарил за големата поддршка што Турција и ја дава на Македонија и го поканил министерот Ергин. Од своја страна, министерот Ергин подвлекол дека македонската страна треба само да побара и слободно да ги користи турските позитивни искуства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче на конгрес на СПД во Берлин: Средба со германскиот вицеканцелар Клингбајл

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска, ќе присуствува на конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој под слоганот „Промената започнува со нас“ се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, соопшти утрово СДСМ.
Во рамки на конгресот претседателот Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл кој воедно е и ко-претседател на СПД. Предвидени се и билатерални средби со европски политичари и функционери присутни на конгресот.
На конгресот, на кој, меѓу другото, ќе се избира и новото раководство на СПД, ќе присуствуваат истакнати актуелни германски политичари и функционери, како и претседатели на социјалдемократски партии од Европа.
Поканата за присуство на Филипче на овој конгрес од СДСМ ја сметаат за израз на заедничката заложба за европска иднина, социјална правда и регионална соработка, засновани на вредностите на социјалдемократијата – еднаквост, солидарност и демократија.
Македонија
УХМР: Денес температури до 36 степени и ветер кој на места ќе дува и со над 70 километри на час

Управата за хидрометеоролшки работи за денес прогнозира сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално може да достигне и над 70 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Македонија
Од следната недела забрана за камиони над 15 тона на државните патишта за време на викенди и во денови со екстремно високи температури

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури,извести Авто-мото сојузот на Македонја (АМСМ).
Збраната ќе важи во термините:
петок од 17:00 – 22:00 часот,
сабота од 09:00 до 18:00 часот и
недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со Јавното претпријатие за државни патишта.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
петок од 15:00 – 22:00 часот,
сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот.
Од АМСМ велат дека овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.
И ова ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.