Свет
Москва ги обвинува САД и НАТО за нарко трговијата од Авганистан

Засилувањето на нарко трговијата од Авганистан е „срам за меѓународната заедница“, смета директорот на руската служба за борбата против дрога, Виктор
Засилувањето на нарко трговијата од Авганистан е „срам за меѓународната заедница“, смета директорот на руската служба за борбата против дрога, Виктор Иванов.
Тој за таквата појава ги обвини САД и НАТО, кои имаат воен контингент во Авганистан.
„Кога 93 отсто од хероинот се сконцентрирани во држава, која што има контингент од 100 илјади луѓе, тоа е срам за меѓународната јавност. Оние кои што преземале некаков ангажман во таа држава, сносат одговорност за таквата ситуација“, рече Иванов, цитиран од „Интерфакс“.
Тој посочи дека Москва предложила да се прошират ингеренциите на силите на коалицијата, за да можат да се борат против производството и трговијата на дрогата, но оти „за жал нема одговор“./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Зеленски не треба да ја гаѓа Москва

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не треба да наредува напади врз Москва, и покрај најавата дека Украина ќе добие нови пратки западно оружје и сè поострата реторика кон Русија.
Изјавата на Трамп доаѓа откако „Фајненшл тајмс“ објави дека американскиот претседател неодамна го прашал Зеленски дали Украина планира да ја таргетира Москва ако САД испорачаат оружје со долг дострел. Иако Белата куќа не ги коментираше наводите на британскиот весник, Трамп денес јасно им кажа на новинарите дека не поддржува таков потег.
Во разговор со новинарите пред да ја напушти Белата куќа, Трамп го коментираше и својот ултиматум до Русија, според кој Москва има 50 дена да се согласи на прекин на огнот во Украина, во спротивно ќе се соочи со високи тарифи. „Ќе видиме што ќе се случи со претседателот Путин“, рече Трамп.
Кога го прашаа дали сега е на страната на Украина, Трамп одговори: „Не сум на ничија страна. Јас сум на страната на човештвото“. Тој додаде дека сака да го запре убивањето: „Сакам да го запрам масакрот на илјадници луѓе неделно“, рече Трамп.
Свет
Шефот на НАТО: Имам порака за Кина, Индија и Бразил – Ве молам, јавете му се на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека секундарните санкции, кои вчера ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле сериозно да ги погодат големите увозници на руски енергенси, како што се Кина, Индија и Бразил.
„Мојата порака до овие три земји е: можеби треба подобро да размислите, бидејќи ова може сериозно да ве погоди. Ве молам, јавете му се на Владимир Путин и кажете му дека мора сериозно да се зафати со мировните преговори“, изјави Руте за време на посетата на Вашингтон.
Тој додаде дека Европа нема да дозволи Украина да остане без поддршка додека не се создаде простор за мир.
„Ќе најдеме пари во Европа за да обезбедиме Украина да биде во најдобра можна позиција штом започнат мировните преговори“, рече Руте.
Руте се повика на вчерашната изјава на Доналд Трамп, кој ѝ даде рок од 50 дена на Русија да прифати прекин на војната во Украина. Во спротивно, порача Трамп, САД ќе воведат нови царини за руската стока, како и секундарни санкции за земјите кои ќе продолжат да увезуваат руски енергенси.
Трамп исто така најави масовна испорака на американско оружје за Украина, вклучувајќи системи „Патриот“ и друго оружје, со посредување на НАТО сојузниците во Европа. Тој нагласи дека, доколку Москва ги одбие мировните преговори, одговорноста ќе ја сносат и нејзините надворешни партнери.
Само еден ден по изјавата на Трамп, Кина ја засили својата поддршка за Москва. Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Пекинг и Москва треба да ја „зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатерални форуми“, објави државната агенција Синхуа по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг.
Заканата од Трамп за секундарни санкции директно се однесува на земји како Кина, Индија и Бразил – кои се меѓу најголемите купувачи на руска нафта и гас. Реакцијата на Кина укажува дека пораките од Трамп не наидоа на очекуваниот ефект.
Свет
Прва реакција на Кина по ултиматумот на Трамп за Русија

Кина објави дека ќе ја зголеми својата поддршка за Русија откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини од околу 100 проценти доколку Москва не ја заврши војната во Украина во рок од 50 дена, објави кинеската државна агенција Ксинхуа.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави дека Пекинг и Москва треба да ја зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатералните форуми, откако го прими рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг.
Заедно со заканата со царини против Русија, Трамп се закани и со секундарни царини од 100 проценти за земјите што увезуваат руски енергетски производи. Најголеми увозници на руски енергетски производи се Кина и Индија.