Свет
Ал Гор: САД треба да направат повеќе за климатските промени во светот

Бившиот потпретседател на САД, Ал Гор во понеделникот во Копенхаген оцени дека САД треба да сторат многу повеќе во борбата против глобалното затоплување.
Бившиот потпретседател на САД, Ал Гор во понеделникот во Копенхаген оцени дека САД треба да сторат многу повеќе во борбата против глобалното затоплување.
Тоа што го направи Обама за неполна една година од својот мандат, е огромна работа во споредба со тоа што е направено за претходните осум години, односно за време на владеењето на претседателот Џорџ Буш, изјавил Гор
Бившиот потпретседател подвлекол дека и покрај тоа што демократската партија на Обама во Конгресот има најголем број на пратеници сепак, има голем отпор во однос на значителното намалување на емисијата на штетните гасови во воздухот.
Обама на 25 ноември во Конгресот најави дека до 2020 година ќе го намали загадувањето на воздухот за 17 отсто во однос на 2005 година. Нацртот за предлог закон чека на разгледување од Сенатот, а ќе се случи следната година.
Ал Гор е добитник на Нобеловата награда за мир поради неговата заложба и активизам против климатските промени во светот. крај/бе/сп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел изрази сочувство три дена по смртта на папата

Израелската влада синоќа изрази сочувство за смртта на папата Франциско, три дена откако почина 88-годишниот поглавар на Католичката црква.
„Државата Израел изразува најдлабоко сочувство до Католичката црква и католичката заедница во светот поради смртта на папата Франциско“, објави канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Односите меѓу Израел и Светата столица значително се влошија од почетокот на израелската офанзива врз Газа. Папата Франциско честопати ги критикуваше постапките на Израел во палестинската енклава, каде што живеат околу илјада христијани.
Израелската влада претходно изрази сочувство за смртта на Франциско во понеделникот, но ја избриша објавата по неколку часа.
За разлика од другите земји кои ќе бидат претставени од највисоките функционери на погребот на папата в сабота, Израел испраќа само амбасадор, објави „Тајмс оф Израел“.
Свет
Зеленски: Русија со ракети од Северна Кореја го нападна Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека прелиминарните информации укажуваат дека балистичка ракета произведена во Северна Кореја била употребена во рускиот воздушен напад врз Киев што беше извршен завчера, а во која загинаа најмалку 12 лица.
„Според прелиминарните информации, Русите користеле балистичка ракета произведена во Северна Кореја. Нашите специјални служби ги проверуваат сите детали“, рече тој.
Доколку се потврди дека ракетата е произведена во Северна Кореја, тоа, според него, ќе биде уште еден доказ за криминалната природа на сојузот меѓу Русија и Пјонгјанг.
„Тие убиваат луѓе и уништуваат животи заедно – тоа е единственото значење на нивната соработка. Русија континуирано користи такво оружје – ракети, артилерија. За возврат, Пјонгјанг добива можност да го усоврши своето оружје во реални воени услови“, рече Зеленски.
Тој повика на „вистински притисок“ врз Русија да ги запре нападите врз Украина.
„Дури и покрај меѓународните дипломатски напори за завршување на војната, Русија продолжува да убива цивили“, рече Зеленски. „Тоа значи дека Путин не се плаши од ништo“, додаде тој.
Нагласи дека мора да има целосно и безусловно запирање на нападите и дека Русија мора да се согласи со тоа.
„Оваа војна мора праведно да заврши. А за навистина да ја гарантираме безбедноста на нашите луѓе, мора дополнително да го зајакнеме нашиот противвоздушен штит“, рече украинскиот претседател.
„Државите соработници кои ги ценат луѓето и животот мора да ги спречат убиствените сојузи“, додаде тој.
Свет
Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека Русија е долгорочна закана за алијансата, пренесува ДПА.
„Сите се согласуваме во НАТО дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО – за целата евроатлантска област“, рече Руте по состанокот во Белата куќа.
На прашањето за можноста за договор меѓу Русија и Украина, поранешниот холандски премиер рече дека во моментов „нешто е на маса“, но дека топката сега е на теренот на Русија. Генералниот секретар на НАТО е уверен дека САД ќе ги предводат напорите за завршување на војната во Украина.
„Не гледам ситуација во која САД ќе си заминат. Гледам ситуација во која, под водство на претседателот Трамп, ова може да се доведе до позитивен крај, а тоа е многу важно“, рече Руте. Лидерите на НАТО ќе се состанат во Хаг кон крајот на јуни.