Македонија
Ден на албанската азбука
Припадниците на албанската заедница во Македонија во недела го одбележуваат празникот Ден на албанската азбука.
Припадниците на албанската заедница во Македонија во недела го одбележуваат празникот Ден на албанската азбука.
По повод празникот, честитка до припадниците на албанската заедница упати претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
„Како и досега, се надевам дека ќе продолжиме во зацврстување и унапредување на интересите и културните особености на сите етнички заедници во Република Македонија“, се вели во честитката
„Заедно да чекориме во нашите заеднички заложби во зачувувањето на основните вредности на нашето општество, како и негување на меѓучовечките односи, толеранцијата и соживотот помеѓу сите граѓани“, порача Трајковски.
Овој ден, согласно македонскиот Закон за празници е неработен ден за припадниците на албанската заедница. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм, велат од СДСМ
„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, велат од СДСМ.
„За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена стратегија на партијата. ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетничкиу односи. Кога ДУИ го обвинува СДСМ за албанофобија да не заборава дека во Извршниот одбор на СДСМ има Албанци и значителен број на Албанци гласаат за нашата партија.
Тоа е така заради тоа што СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и добри односи меѓу етничките заедници. СДСМ докажала и покажала дека е единствена партија која ги бранела правата на помалите етнички заедници помали заедници секогаш кога биле загрозени. СДСМ има фобија од националисти и популисти и на таквите секогаш ќе реагираме.
Со своето делување Ахмети и ДУИ му овозможуваат на ВМРО-ДПМНЕ да дополнително да ја подгрева меѓуетничката ситуација во земјата и политички да профитира. Индиректно, ДУИ е таа која со своето однесување креира албанофобија.
Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ јавно се осудуваат меѓу себе, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Граѓаните видоа заеднички гласања во Собранието, а врв беше скандалозно пуштање на Артан Груби надвор од земјата, слободно преку границата“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВЛЕН: Осуда за провокациите кои го отежнуваат динамизирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ
ВЛЕН изразува загриженост и ги осудува изјавите на „некој маргинален проруски политичар во Бугарија“ кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија“.
„Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија.
Коалицијата ВЛЕН во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство. ВЛЕН ќе продолжи да работи на заштита на интересите на граѓаните на Северна Македонија и на обезбедување сигурен пат кон европските интеграции“, се вели во соопштението на ВЛЕН.
Македонија
Ако СДС сака да стане сериозен општествен фактор, да им се извини на граѓаните што му дозволи на Груби да ја краде Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС се тие кои дозволија Артан Груби да прави што сака и да ја краде државата. Артан Груби со друга владина структура не би можел така да се однесува. Но, бидејќи СДС беа гладни за власт и сакаат да останат во владините фотелји што подолго и по секоја цена, му дозволија на Груби да краде од Државна лотарија и од други институции, да игра фудбал по државни институции и да покажува ароганција на највисоко ниво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС со сигурност од прв ден знаеле што прави Груби. Затоа што не е можно да не знаеле а заедно, седум години, да ја водат владата, која впрочем, поради ДУИ и опстојувала.
Ако целта не им беше само гола власт и ако барем малку се грижеа за државата и граѓаните, СДС ќе го спречеа криминалното делување на Груби и истиот ќе го изведеа пред лицето на правдата. Но, очигледно, наместо државните интереси, на СДС на прво место им бил интересот да останат на власт.
И сега во опозиција СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата. Нема ниту извинување до македонските граѓани затоа што го створија и го толерираа Артан Груби.
Од Груби се откажаа и самите ДУИ, како и Тетовскиот Универзитет кој што му даде отказ од работното место, но СДС од него никако не се откажува.
Доколку СДС како партија сака да стане сериозен општествен чинител во Македонија, треба да им се извини на македонските граѓани затоа што го толерирале Артан Груби и затоа што против него не покренаа никаква постапка пред правосудните органи. После тоа да ги повикаат и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле.
Во спротивно ќе продолжат да тонат на македонската политичка сцена и наместо со политичките партии, по рејтинг да се споредуваат со невладини организации“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.