Македонија
Македонија го призна либискиот Национален преоден совет
Република Македонија го признава Преодниот национален совет на Либија, како легитимен претставник на либискиот народ и на Либија, соопшти македонското Министерство за надворешни работи(МНР) на својата веб страна.
Република Македонија го признава Преодниот национален совет на Либија, како легитимен претставник на либискиот народ и на Либија, соопшти македонското Министерство за надворешни работи(МНР) на својата веб страна.„Република Македонија, ја поддржува и се приклучува кон напорите и активностите на меѓународната заедница за имплементирање на целите на резолуциите 1970 и 1973 на Советот на безбедност на ООН. Република Македонија, на линија на позицијата на Европската Унија, ги имплементира сите рестриктивни мерки кон Либија усвоени од страна на Советот на ЕУ“, се додава во информацијата објавена на сајтот на МНР. /крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Која е улогата на Груби во криминалот во Лотарија и доделувањето на трите лиценци за онлајн игри на среќа?
Можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.
„Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа“, истакнува Николоски.
„Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред“, додава тој.
Македонија
Јанчев: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат
Носителот на листа од Левица во ИЕ 4, Сашко Јанчев, во своето обраќање до граѓаните, стави акцент на поданичките политики на СДС и ДПМНЕ, кои ја доведоа Македонија во ситуација повеќе да го нема луксузот да се движи по досегашната траекторија.
„Македонија не смее да ги бира оние кои веќе 30 години се директни виновници за ова дереџе во кое се наоѓа државата! Македонија нема луксуз да ги гласа истите, а да очекува промена! Нема што повеќе да зборуваме за СДС на нашата земја. Со Заев и после него, СДС се претвори во историски најантимакедонската организација која некогаш постоела!”, истакна Јанчев.
Според Јанчев, секоја партија која го гази интересот на својот народ за интерес на амбасадите, на крајот завршува отфрлена и од амбасадите и од својот народ.
,,СДС им се лижеа на амбасадите, а сега истите тие амбасади им го формираа ЗНАМ за да ги преполови!
Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, во кое ни В нема од ВМРО, повторно зборуваат за национално обединување. Јас 30 години слушам како тие нè обединуваат, но, искрено, јас воопшто не се чувствувам обединето. Напротив, се чувствувам предадено!
Се чувствував предадено и кога гласаа за амнестија на Хашките случаи. За амнестијата гласаше и носителот на ИЕ4, Александар Николовски.
Се чувствував предадено кога позајмија 8 пратеника за промена на името, а наместо на протест, Мицковски беше на прошетка во Битола.
Се чувствував предадено кога Мицковски му рече на Борисов дека ,ште го поткрепи’ Договорот за добрососедство со Бугарија!”, додава Јанчев.
На крајот од своето излагање, Носителот на ИЕ4 повика, Сашко Јанчев, порача:
,,Затоа, не го ситнете отпорот! Не го трошете бадијала гласот! Дајте го на Левица, за да има што повеќе пратеници во Собрание кои се на страната на народот!
Македонија
Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад
„Ветувањата ги остваруваме, oвде од Македонска Каменица започнавме уште на почетокот на мандатот и веќе во 2018 година Владата на СДСМ обезбеди бенефициран стаж за рударите. Луѓето со најтешка и најпочитувана професија заслужуваат уште повеќе, социјалдемократите го ценат трудот на работникот, секогаш сме биле први во заштита на работничките права и во обезбедување на социјална правда, зашто човечкиот капитал е највреден. И сега остануваме на истите принципи, гарантираме уште повисоки плати и пензии, зашто еднаш веќе тоа го направивме“, рече носителката на листа во третата изборна единица, Сања Лукаревска.
Таа истакна дека СДСМ ќе продолжи со силна поддршка на домашната економија за побрз развој, за повеќе работни места, за повисоки плати и подобар стандард, со 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, 3,5 милијарди евра за капитални инвестиции, 1 милијарда и 350 милиони евра инвестиции за земјоделството, од кои 750 милиони евра директна финансиска поддршка.
„Ќе продолжиме со континуирана поддршка на земјоделците, но и на младите, на жените, од земјоделството да направат успешен бизнис за подобар стандард дома. За младите земјоделци што го превземаат земјоделското семејно стопанство грант од 20 000 евра. За жени земјоделки, за бизнис за преработка на примарното производство, финансиската поддршка се зголемува од 6 000 на 10 000 евра. Вложуваме во повеќе работни места и подобри плати, обезбедуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на млади до 26 години. Затоа на 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад, во сојуз со граѓаните да продолжиме да работиме за просперитетна, напредна и модерна држава за сите, за подобар живот дома“, рече Лукаревска.