Контакт

Македонија

Средба Реџепи-Јанкулоска: Првоосомничените од ’Монструм’ немаат косовско државјанство

Објавено пред

Двајцата првооосомничени за петкратното убиство кај Смилковското езеро од минатата година, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, ниту имале, ниту аплицирале за добивање косовско државјанство.

dobivaj vesti na viber

Ова во вторник вечер го истакнал министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Реџепи на билатералната средба со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на маргините од Конференција на министрите за внатрешни работи на „Брдо Процесот“, што се одржува во Брдо кај Крањ во Словенија.

Реџепи нагласил дека косовските власти ќе ги почитуваат сите меѓународни норми во ваквите случаи.

Министерот за правда, Блерим Беџети во средата го откажа учеството на настанот во Апелацискиот суд во Скопје и на негово место дојде заменик министерот за правда, Билјана Бришковска-Бошкоски.

Таа изјави дека Министерството за правда испратило барање до косовските власти за екстрадиција на двајцата обвинети и дека се очекува одговор од Косово.

Властите во Косово тврдат дека осомничените за случајот „Монструм“ немаат косовски државјанства, додека нивниот адвокат во Македонија тврди дека имаат.

Јавноста беше доведена во забуна, кога министерот за правда на Косово рече дека Косово не екстрадира свои граѓани, за потоа да се поправи и да каже дека Демири и Исмаиловиќ не се граѓани на Косово./крај/мф/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно

Објавено пред

Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Времето во наредните денови

Во четврток претежно во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови повремен дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво, а локални врнежи од дожд, на планините од снег повторно се очекуваат во недела.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода корисниците од ГТЦ

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( среда ) поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Филип Втори пред ГТЦ во населба Центар, во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ГТЦ. ( општина Центар )

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Со замрзнувањето на маржите, Мицкоски ги призна нашите економски политики и мерки

Објавено пред

Откако осум месеци Мицкоски беше соучесник во општонардоната кражба на граѓаните од страна на трговците и не направи ништо за тоа, сега под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше, реагира СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ за зауздување на цените.

За жал, се ова е многу доцна и милиони евра веќе се буквално украдени од граѓаните. таа кражба беше овозможена токму од Мицкоски и сега е доцна да ги признава сопствените порази.

„Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи – не даваат ефект затоа што не нудат целосен одговор на состојбата“, пишуваше ВМРО-ДПМНЕ на 10.3.2022 година. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ не е новина во политиката, тие се по тоа познати, но свесното осиромашување на граѓаните цели осум месеци е грев.

СДСМ со месеци апелираше и нудеше решенија. За жал и оваа мерка која Мицкоски ја ископира од СДСМ е парцијална и нема да даде целосно резултат. Ако се земе предвид дека платите не растат, дека цените веќе се дозволи да се качат превисоко ова нема да биде ниту благо санирање на огрмните штети по семејните буџети на македонските семејства“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија13 часа

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија13 часа

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија17 часа

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија18 часа

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија19 часа

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија19 часа

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ20 часа

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...

Топ21 час

Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со...

Свет22 часа

Руски амбасадор: Стотици руски војници закрепнуваат во Северна Кореја

Стотици руски војници се опоравија од повредите здобиени за време на борбите во Украина во објекти во Северна Кореја, изјави...

Свет23 часа

Луѓето на Трамп доаѓаат во посета на Зеленски, пристигна важна порака од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „сериозни членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп“ ќе ја посетат Украина за...

Европа24 часа

(Видео) Русија: Украински напад оштети индустриска фабрика во Саратов

Украински напад со беспилотно летало оштетил „индустриски објект“ во руската област Саратов, изјави рано денеска регионалниот гувернер. „Според прелиминарните информации,...

Свет24 часа

(Видео) Трамп: Се враќаме на пластичните сламки, пластиката нема да има големо влијание врз ајкулите

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки....

Свет1 ден

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се...

Свет1 ден

Трамп воведе нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или...

Македонија2 дена

Обвинителството бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева, кој призна вина

Обвинителството побара доживотна казна затвор за 33-годишниот Фадил Зејнелов, кој пред три месеци ја уби својата партнерка Емилија Пешева. Обвинетиот...

Македонија2 дена

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клиничкиот центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за...

Регион2 дена

(Видео) Со литија против земјотресите: Грците изнесоа мошти од светци на улиците, постојано се молат

Грците, беспомошни и преплашени што Санторини непрекинато се тресе десет дена, бараат помош од Господ. Илјадници земјотреси со јачина над...

Македонија2 дена

Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук-реклами за своите лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија...

Економија2 дена

Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и...

Македонија2 дена

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата

„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата...