Македонија
Обука за недискриминација
Прва обука за недискриминација, наменета за државни службеници и социјални работници, ќе започне денеска во Скопје
Прва обука за недискриминација, наменета за државни службеници и социјални работници, ќе започне денеска во Скопје.
Целта на обуката за недискриминација, која се организира во рамките на програмата „Македонија без дискриминација,“ поддржана од ПРОГРЕС програмата на Европската Унија, е да се зајакнат капацитетите на државните институции во промовирањето на еднаквите можности и недискриминацијата.
Целна група на првата, од предвидените три обуки, се координаторите за еднакви можности во ресорните министерства и социјалните работници од Центарот за социјалнa работa на Град Скопје.
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основните поими на дискриминацијата, со нормативните акти за заштита од дискриминација, работа на конкретни случаи, како и со можностите за јакнење на сопствените капацитети во однос на заштитата и превенцијата од сите форми на дискриминација.
Обуката за недискриминација ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка, Полио плус и Центарот за човекови права и разрешување на конфликти./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

