Свет
Египет уште без конечни резултати од изборите

Претседателот на египетската државна изборна комисија Абдел Моез Ибрахим ниту во петокот не ги објави податоците од првата фаза на првите парлаемнтарни избори по соборувањето на режимот на претседателот Хосни Мубарак.
Претседателот на египетската државна изборна комисија Абдел Моез Ибрахим ниту во петокот не ги објави податоците од првата фаза на првите парлаемнтарни избори по соборувањето на режимот на претседателот Хосни Мубарак.Ибрахим изјави дека процентот на учеството на изборите изнесувал 62 отсто, најголем во Египет „од фараоните до денес“. Тој, меѓутоа, не бил во можност даги изнесе официјалните податоци за првиот круг од изборите одржан во понеделникот и вторникот, додека исламистичките партии тврдат дека вкупно добиле 70 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласањето.„Тоа досие е преопширно, немам повеќе сили“, изјави Ибрахим коментирајќи ги тврдењата за изборните резултати од страна на партиите. Шефот на изборната комисија на Египет најави „скорешно“ објавување ан резултатите од гласањето по окрузите на интернет. Гласањето во понеделникот и вторникот зафаќаше третина од изборните окрузи, меѓу кои се и оние во главниот град Каиро и втората египетска метропола Александрија. Пратениците од другите изборни окрузи ќе бидат избирани до 11-ти јануари следната година, а потоа доаѓаат изборите за Шурата (египетскиот Сенат) коишто ќе се спроведуваат до 11-ти март 2012 година./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас.
Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“.
Претходно денеска, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките од преостанатите 18 убиени заложници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.
Израелската војска (ИДФ) претходно го информираше семејството на убиениот Елијаху Маргалит дека Хамас го вратил неговото тело во Израел синоќа.
ИДФ соопшти дека, според разузнавачките информации, Елијаху (75) бил убиен на 7 октомври 2023 година, а неговото тело подоцна било однесено во Појасот Газа од кибуцот Нир Оз.
Смртта на Елијаху Маргалит беше потврдена од израелската војска во декември 2023 година.
Свет
Милиони Американци би можеле да останат без купони за храна

Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековниот прекин на работата на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош во исхраната (SNAP), позната и како купони за храна, е дел од клучната национална мрежа за безбедност на храната и обезбедува просечен месечен надомест од 188 долари по лице, пишува Си-Ен-Ен.
Ролинс рече дека средствата за програмата ќе бидат исцрпени во рок од две недели и ги обвини демократите за блокадата на финансирањето.
Свет
Десетици илјади евакуирани на Филипините, се приближува ураган

Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.